11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Историјата на Хонда

Prepoznatlivoto logo na Honda motorciklite

Не можеме да разговараме за Хонда без прво да го спомнеме главниот виновник Соичиро Хонда кој во 1948 година, на 41 годишна возраст го оствари својот сон, започна работата на ХОНДА Мотор Компани.

Следете нè на:

 

Prepoznatlivoto logo na Honda motorcikliteПрепознатливото лого на Хонда

Не можеме да разговараме за Хонда без прво да го спомнеме главниот виновник Соичиро Хонда кој во 1948 година, на 41 годишна возраст го оствари својот сон, започна работата на ХОНДА Мотор Компани.

Prepoznatlivoto logo na Honda motorcikliteПрепознатливото лого на Хонда

Не можеме да разговараме за Хонда без прво да го спомнеме главниот виновник Соичиро Хонда кој во 1948 година, на 41 годишна возраст го оствари својот сон, започна работата на ХОНДА Мотор Компани.

Водени од идејата за квалитетите и визиите на г-дин Хонда, компанијата за време од само 1 година го исфрла својот прв моторцикл, а воедно и првиот модерен Јапонски мотор. Името на моделот било "D", многу од вас се чудите, но верувајте многу е едноставно, да "D" од зборот DREAM (сон).

Ппокрај тоа што бил познат како голем "DREAMER" г-дин Хонда бил одличен возач на моторцикли и се натпреварувал со нив. Освен тркачките способности тој имал способности и да управува и да создаде еден одличен бизнис тим, токму тој тим ја доведе Хонда на ова успешно ниво. По изминати 62 години Хонда е еден од лидерските произведувачи на моторцикли и автомобили во светот.

soiciro-hondaСоичиро Хонда

Доколку навистина ве интересира успехот на Хонда следуваат неколку битни моменти, ситуации и модели кои оставиле посебен белег во историјата на Хонда, за изминатите години.

Во продолжение неколку интересни факти за пробивањето на Хонда и други интересни работи кои сме уверени дека не сте ги знаеле, па продолжете со читање....

1947- Приказната започна... Соичиро Хонда работи на својот прв продукт, наречен Тип А наменет како мотор за на велосипед.
1948- Хонда Мотор Компани е формирана.
1949- Хонда го произведува својот прв моторцикл наречен D-TYPE или повеќе познат како DREAM.
1952- Хонда го произведува првиот F-TYPE CUB моторцикл, мал мотор од 50 кубни санитметри, со други зборови кажано тој мотор бил закачен на задното тркало од велосипед.

Honda-A-type

Важен модел: Горе споменатиот моторциклт F-TYPE CUP подоцна во 1958г ќе се преименува во 50 cc Super Cub. Оваа паметна комбинација помеѓу мопед и скутер беше МНОГУ ВАЖЕН МОДЕЛ ЗА ИСТОРИЈАТА НА ХОНДА и клучен фактор за успехот што следи понатаму.

Само да ви дадеме неколку основни информации за бумот што го направила Хонда со овој модел...
Во Ноември 1952г произведени се над 7000 исти модели и со тоа завземаат дури 70% од моторциклите направени таа година во Јапонија.

Благодарение на  50 cc Cub моделот, во периодот од 1953 до 1954 Хонда е на прво место по продажба на својот модел на локалниот пазар. Но тоа беа многу напорни денови за целиот тим на Хонда, бидејќи беа во буквален натпревар со останатите производители за тоа кој ќе направи подобар модел, односно да завземе поголемо место на пазарот.

Honda-Type-D

Уште еден клучен модел за Хонда: J-Series произведувани од 53' до 58'.
Покрај главните и несоборливи Германски моторцикли на пазарот, продажбата на  J, JA, JB и JC моделите беше главниот фактор од финансиска гледна точка кој одлично им помогна на Хонда во оние сеуште рани, а премногу тешки години.

Еве зошто, Хонда во 1954 година била многу блиску до затварање на бизнисот, но за среќа не дошло до такво нешто. Во тој период Хонда земале голем кредит од банките за да ги купат потребните машини, тие машини биле купени од САД и Германија и важеле како високо квалитетни машини. Ова надоградување во машинската технологија е клучниот момент кога Хонда ги произведува моторциклите, кои ќе почнат да доминираат на Светскиот пазар во раните 60-ти. Токму затоа продажбата на J-сериите е клучен дел од историјата на Хонда, кога биле на работ од затварање на бизнисот.

По излегувањето на пазарот во Токио во 1955 следува голем успех во продажбата на ефтините модели како што е 50cc Super Cub моделот и тука е главната бизнис лекција за Хонда: Се обезбедува на пазарот со ефтините модели кои одлично се продаваат и во меѓувреме бројот од заработените пари без резервно ги вложуваат во моторцикли од повисока класа, секако со поголем квалитет и цена.

honda-novi-modeli Од Хонда многу брзо ја разбраа суштината на продажба, а тоа беше добрата промоција. Па следејќи го нивниот иновативен дух Хонда во Јапонија достигна:
* Првиот Јапонски производител кој извезува за САД, во Септември 1954 година.
* Први изградуваат своја патека за тркање за одлично да ги тестираат и надоградуваат своите мотори, а се тоа да е во нивниот "двор" направено во Мај 1958
* Први производители кои нудат една година гаранција

Уште еден модел на Хонда во тоа време кој вреди да се спомне е CS71.
Се до 1958 година сите Јапонски моторцикли биле целосни копии на Европските или пак Американските моторцикли, но овој моторцикл инспириран од серијата С70, конечно и дефинитивно создава уникатен Јапонски стил.
Постои анегдота која вели дека Соичиро Хонда во тоа време длабоко внесен во мистицизмот, ги дизајнирал овие моторцикли следејќи ги линиите од типичната градба на објекти наречена Shinto Temple.

За тој период тежината од 157 килограми, 250 кубика, 18 коњски сили, макс брзина од 120км/ч, со електрично палење на моторциклот, ДЕФИНИТИВНО била машина за која сите сонувале!

Важен модел:
Моделот Honda Dream CS71 (1958) е првиот спортски моторцикл  од Хонда која подоцна во 1960 ќе прерасне во модел наречен  CB72. Потоа моделот CB72 ќе стане многу популарен низ целиот свет, а главна причина е одличната цена имајќи ги во предвид неверојатните перфоманси.

Потоа во 1959 Хонда го има својот прв настап на легендарната трка наречена Isle of Man TT, најголемата трка на планетата во тоа време. Оваа трка била позната како што биле познати Финалето на светското првенство, Tour de France или пак Super bowl.

Honda-istorija

После ислучително тешката и возбудлива трка Хонда успеа да ги освои 6,7,8 и 11 место со своите моторцикли. Од пет возачи, четворица беа високо пласирани. Ова е означено како нивна прва победа на "почетниците" и официјално одбележување на влегувањето на Јапонските Моторцикли во натпреварувачка сцена.

Така историјата на успехот на оваа одлична компанија оди само напред....Нам би ни била потребна цела книга за да ви ги кажеме сите важни моменти, настани и модели кои се битни во долгата и успешна историја на Хонда.

Во продолжение решивме да ви покажеме една обична листа со сите поважни модели на Хонда кои некако го одбележале периодот во кој биле произведени до деведесетите години.

Некој клучни модели на Хонда:

1950

1950 Dream D-type
1958 50cc Super Cub
1959 Benly C92

1960

1960 CB72
1966 CB450 M
1966 P50
1967 Z50M Monkey
1969 CB750 FOUR

1970

1970 CT70
1971 CB500F
1972 CB350F
1972 CR250M Elsinore
1975 CB400F
1975 GoldWing
1979 CBX1000

1980

1981 CX500
1983 VF1100C
1983 VF750
1985 NS400R
1986 CN250 Helix
1987 Honda Hurricane
1987 CBR600F
1987 Transalp XL600V
1987 VFR75OR
1988 GL1500
1989 PC800

1990

1992 CBR900RR FireBlade
1994 RVF750

Во следниот период на порталот ќе бидат објавени историите и на останатите најпознати Јапонски производители: Кавасаки, Јамаха и Сузуки.

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!