05
Пон, Дек
0 нови содржини
Корисни текстови

Совети за возење мотор во група

thumb_grupaПри индивидуално возење, самите ние ја контролираме брзината на моторциклот, видикот ни е појасен и сл., додека во група е сосема различно. Следуваат неколку корисни и проверени совети за возење во група.

Следете нè на:

 

Возењето во група не е исто како соло возењеВозењето во група не е исто како соло возење

При индивидуално возење, самите ние ја контролираме брзината на моторциклот, видикот ни е појасен и сл., додека во група е сосема различно. Следуваат неколку корисни и проверени совети за возење во група.

Секогаш внимавајте на ретровизорите и не избрзувајте
Секогаш обрнувајте внимание на тоа кој е позади вас, доколку некој недостасува веднаш запрете, секако тоа направете го безбедно во првата прилика што ќе ви се укаже. За поголема безбедност на сите запаметете ги неколкуте возачи што ги набљудувате на вашиот ретровизор, нека бидат 3 или 4 возачи. Кога сите возачи во групата би знаеле дека се почитува ова правило, односно да се внимава на ретровизорите, нема да има никаква грижа на совест дека постои шанса да се изгубите, одделите. Па така слободно може да застанете знаејќи дека останатите од групата што се напред внимаваат на ретровизорите и ќе застанат заедно со вас.
Во ситуација кога некој од возачите застане, поради тоа што недостасува некој од возачите и го чекате подолго време, големи се шансите да се случило нешто (механички проблем,дупната гума,итн). Во ваков случај еден од возачите мора да се врати назад и да види што се случило. Ако има некој поголем проблем сите треба да бидат информирани. Доколку пак некој од возачите реши да застане до бензиската станица или нешто слично, должен е да информира барем еден од возачите, со причина да нема никаква загриженост во групата.

Секогаш внимавај на ретровизорите

Формирајте помали групи
Немојте да возите повеќе од 5-6 возачи во група. Се препорачува доколку е поголем бројот на возачи да се направат неколку помали групи, со свој лидер на челото. Па така обично се делат во неколку групи односно секогаш ги има тие што сакаат да ја вртат рачката за гас малце повеќе, па за оние кои уживаат, дури и група и за поспорите возачи.

Како што кажавме овие групи да не сочинуваат повеќе од 5-6 возачи.
Многу е важно да се знае во целосната група, дека ќе се одвојат односно направат повеќе помали групи и секој лидер на групата да го знае патот и финалната дестинација.

На чело
Не секој може да биде водич, лидер на една група. На тоа место секогаш се става искусен возач кој поминал многу многу возења во група. Лидерот треба да го знае целосниот пат, каде ќе се застанува и прави пауза, да ја прилагоди брзината за сите позади него и секогаш да внимава максимално на ретровизорите. Згора на се треба да е во контакт дури и со последниот возач (овчарското куче) кое внимава доколку некој од овците (возачите) исчезне.

Не секој може да биде водич, лидер на групатаНе секој може да биде водич, лидер на групата

Одржувајте одредена дистанца
Никогаш не доближувајте се премногу, особено не до возачот на чело бидејќи големи се шансите наеднаш да изреагира да сврти налево или надесно и во тој случај многу лесно се доаѓа до несакани контатки меѓу возачите.

Внимавајте на брзината
Еден од поважните совети при возење во група е просечната брзина, нека биде една константна која ќе ги задоволи сите возачи позади вас. Колку што е опасно и брзото возење толку е и опасно бавното возење во група, току поради тоа е искусниот лидер кој според патот и собраќајните знаци ќе ја наметнува брзината. Нека има доволно простор измеѓу возачите, за сите да уживаат во кривините без да има некои несакани последици. Доколку цело време гледате на ретровизорот како возачот позади вас е секогаш побрз, па пред кривините нагло закочува, опоменете го или во краен случај поднамалете ја брзината дигнете некоја од рацете, дајте му сигнал да ве помине, пред се поради ваша безбедност па се останато.

Прилагодете ја брзинатаПрилагодете ја брзината

Се е на ваша одговорност
Мора да имаме зацртано дека се е на наша одговорност, без разлика дали возиме соло или во група, а особено во група. Доколку останатите возат со голема брзина низ населено место каде шансите за несреќа се големи, слободно намалете ја брзината онолку колку што мислите дека е доволно и поминете го населеното место. Овој потег со намалување на брзината слободно може да го направите, и како што пишува во погорните правила доколку некој недостасува приморани се сите да го почекаат додека не дојде, па така и вие ќе бидете почекани од страна на брзите возачи од групата. Секогаш внимавајте на деца кои си играат, велосипеди, скриени улици од каде излегуваат коли со поголема брзина и друго.

Доколку се најдете во ситуација да дел од групата помине на семафорот, а вас ве фати црвено, почекајте без никакви глупости да поминувате на црвено и да се најдете во некој агол од раскрсницата со скршеници по целото тело. Едноставно застанете на црвеното светло и како и предходно ќе бидете почекани од страна на останантите во групата.

На правците каде ќе се зголемува брзината, истиот ефект треба да го има и групата односно да се раздолжи како хармоника, за да има поголемо растојание измеѓу возачите и повеќе простор доколку е потребно да се реагира. Се вози со брзина од 180 км/ч, ако ви одговара уживајте доколку е навистина брзо за вас, слободно тргнете се на страна и возете со брзината која вие мислите дека е доволно, повторно ќе бидете почекани од групата, мора да постои разбирање.

Претекнувањата во група треба да бидат што помали за да се избегнат несреќи, и кога би го направиле тоа предходно убаво уверете се дајте сигнал (изблендирајте, свирнете) за останатите од групата да знаат, па потоа извршете го претекнувањето многу внимателно.

Одговорноста е на сите возачи во групатаОдговорноста е на сите возачи во групата

Запирањето на групата и паркирањето на моторциклите не треба да го отежни сообраќајот
При запирање  на групата и паркирањето на моторциклите мора да се внимава да не се блокираат некој автомобили, да не се отежне сообраќајот или пак да неможат да се движат пешаците, затоа не застанувајте на сред пат.

Распоредување на групата
На долги и отворени патишта без многу кривини ви ја препорачуваме добро познатата формација на групата, односно лидерот на групата на десната страна тој позади него на левата страна, па тој позади него на десната итн. Оваа формација на групата е најидеална и секој од возачите има доволно простор и предгледност пред него. Но како што кажавме само на прави и отворени патишта, додека на планински предел каде што има многу кривини најубаво е еден позади друг со нормална дистанца помеѓу едниот и другиот.

Возете во онаа група која вам ви одговараВозете во онаа група која вам ви одговара

Овие совети беа наменети за кратки патувања, од 150 до 250 километри. Доколку за време на возењето се држите до овие совети, сигурни сме дека сите во групата ќе уживаат возејќи се. Додека кај подолгите патувања се јавуваат неколку проблеми како што е потребата секој во различно време да застане за во ВЦ, да одмори, да наполни гориво, да јаде. Сево ова одзима многу време и напнатоста и нервозата непотребно расте и многу лесно може да се дојде до кавга помеѓу возачите од групата. Наскоро следуваат и совети за возење во група на подолга релација.

............

comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!