11
Нед, Дек
4 нови содржини
Корисни текстови

Што да правите кога ќе паднете?

nesrekja.jpgПорано или подоцна на сите им се случува. Меѓу моторџиите затоа и важи правилото "Не си моторџија додека не паднеш", без разлика дали станува збор за едноставно лизнување на моторот или некаква сообраќајна несреќа.

Следете нè на:

 
soobrakjajka-so-motor-1.jpg

Порано или подоцна на сите им се случува. Меѓу моторџиите затоа и важи правилото "Не си моторџија додека не паднеш", без разлика дали станува збор за едноставно лизнување на моторот или некаква сообраќајна несреќа.

Понекогаш едноставно знаеш дека неможеш да закочиш. Понекогаш е моментот кога ќе почнеш да се тркалаш. Некогаш пак, не знаеш што се случило, гледаш дека ти си на земја, а моторот е легнат на страна. Каков и да е случајот, тоа се знаци дека си доживеал несреќа, и твоето здравје, финансиите па дури и можноста повторно да возиш мотор се во опасност доколку не реагираш навремено и рационално.

Размислување
По несреќата мораш да ја анализираш состојбата. Дали си повреден? Дали можеш да се движиш? Дали останатите возила можат безбедно да те поминат? Не заборавај дека доколку си зад "
слепа" кривина постои можност од втор удар. Дали истекува бензин од моторот? Постојат милион вакви прашања кои мораат свесно да се размислат за да избегне понатамошно оштетување на моторот или повреда.

nesrekjaskopjke.jpgПовреда
Најчестите повреди при сообраќајни несреќи вклучуваат фрактури на зглобови, коски, исчашени колена, изгребани колкови и шинати лакти. Овие повреди можеби нема веднаш да го спречат твоето движење, но за кратко време ќе отечат и болката драматично ќе се зголеми. Затоа е важно да реагираш брзо и навремено да ја посетиш најблиската болница. Доколку крвариш или имаш потешки повреди веднаш повикај брза помош или замоли некој кој застанал на местото на настанот да те одведе во болница. Доколку имаш проблем да се концентрираш, се чувствуваш летаргично или поспано најверојатно имаш потрес на мозокот, па задолжителна е посета на болница каде ќе ти направат дополнителни испитувања за евентуална потешка повреда на главата.

Адреналин
На крвотокот му требаат само три секунди да го рашири адреналинот низ целото тело и да ги почувствуваш неговите ефекти. Овој хормон ќе направи да се однесуваш нерационално, дланките ќе почнат да ти се тресат, а срцето забрзано да чука. Заради адреналинот ќе се фокусираш на една работа (пр. колку е оштетен моторот) без притоа да ја запазиш целата слика (колку си повреден, дали има опасност од втор удар..). Важно е да разбереш дека имаш адреналинска треска и да се обидеш да не паничиш и реално да ги согледаш работите. Диши длабоко, седни и не размислувај чија грешка е, во тие моменти можеш само да кажеш нешто глупаво или уште полошо да се степаш со некого.

Доколку си претрпел потежок удар во главата, никако не ја вади кацигата додека не дојде брзата помош.Доколку си претрпел потежок удар во главата, никако не ја вади кацигата додека не дојде брзата помош.

Информации
Освен ако не си сигурен дека е твоја грешка, позајми пенкало и хартија и запиши ги регистарските таблички на оние кои се вклучени во сообраќајката, а побарај имиња и телефонски броеви од очевидците. Доколку можеш веднаш направи скица од сцената и забележи ја состојбата на патот или нешто што подоцна би можело да ти помогне, а сигурно ќе го заборавиш. Доколку сеуште никој не повикал полиција, направи го тоа доколку сметаш дека е неопходно.

Емоции
Адреналинот ги прави луѓето зборливи. Обиди се да не разговараш за незгодата се додека не пристигне полицијата. И покрај тоа што "
не те видов" и "можеше да ме одбегнеш" не се добри изговори, обиди се да разбереш дека и другата страна учествувала во сообраќајна незгода, па едноставно истурање на бесот врз нив нема воопшто да помогне. Всушност може само да ти наштети, па не само што веднаш ќе изгледаш виновен во очите на полицијата, туку ризикуваш и тужба за нанесени повреди која и тоа како може да ти го олесни паричникот.

Воопшто не е срамно да кажеш даке си доживеал сообрќајна незгода. Кога ќе се случи тоа, подобро повикај пријател моторџија кој веднаш ќе дојде на местото на настанот и ќе ти помогне.Воопшто не е срамно да кажеш даке си доживеал сообрќајна незгода. Кога ќе се случи тоа, подобро повикај пријател моторџија кој веднаш ќе дојде на местото на настанот и ќе ти помогне.

За крај, неколку точки кои треба да се запомнат:

За возилата е тешко да забележат паднат мотор. Доколку дозволува ситуацијата, барем исправи го моторот за да биде позабележителен.

Доколку си претрпел потежок удар во главата, никако не ја вади кацигата додека не дојде брзата помош.

Не дозволувај да те понесат емоциите. Биди смирен и почекај ја полицијата.

Кога се работи за мал удар, и моторот е во возна состојба, провери го двапати за секој случај пред да се качиш на него.

Воопшто не е срамно да кажеш даке си доживеал сообрќајна незгода. Кога ќе се случи тоа, подобро повикај пријател моторџија кој веднаш ќе дојде на местото на настанот и ќе ти помогне.
comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!