05
Пон, Дек
0 нови содржини
Интервјуа

Интервју: Рок Багорош - Стантер

rok1mmm.jpgРок Багорош е млад словенски стантер кој пред неколку недели го издаде првиот дел од филмот "Working on a dream" во кој се обидува да го долови неговото секојдневие и стантерскиот живот.

Следете нè на:

 

Како започна се?
- Отсекогаш сакав да возам мотори, но мото спортот е скапа работа па заради тоа морав да почекам додека станам доволно голем за самиот да заработам пари за мотор. Потајно секогаш посакував да се тркам со мотори. Еден ден кога имав 17 години за прв пат ги открив стантовите (од Анг. stunts) и Крис Фајфер. Во тој момент знаев дека стантот е вистинскиот спорт за мене. Веднаш почнав да собирам пари за скутерот. Миев садови во ресторан, разнесував весници, едноставно собирав се што можев. Така, по некое време собрав доволно пари за да купам Yamaha Aerox. Следниот ден почнав да го учам првото "wheelie" (возење на едно)

Слика од почетоцитеСлика од почетоците

Што е потребно за некој да стане стантер?
- Потребно е трпение и многу тренинг за да бидеш стантер. Стантер не е некој што знае да вози на едно тркало како што мислат некои луѓе. Стантер е човек кој може да направи милион трикови со моторот.

Знаеме дека треба многу напор и тренинг за да дојде некој до твоето ниво, но буквално, колку е тешко?
- Секое утро се будам во 8.00 часот, најчесто ја завршувам целата работа поврзана со училиштето, а потоа се јавувам кај спонзорите. Одам на училиште, а по враќањето му помагам на мојот постар брат во кафулето за да заработам некоја паричка. Се враќам дома, учам за наредниот ден па доаѓа забавниот дел. Вежбање од околу 3-4 часа, секој ден, скоро до полноќ.

Yamaha Aerox на која нема ништо стандардно Со што е опремен Aerox-от што го возиш?
- Има целосен тјунинг: мотор од 70цц, сменета амортизација, посебно квачило, рачно изработен издув...

Колку чини твојот сон?
- Трошоците се толку големи што буквално ги трошам сите пари кои ги заработувам. Сепак, ги трошам парите за она што сакам да го правам, за мојот сон. Знаете, некои луѓе мислат дека стантот не е скап спорт. Но стант индустријата отиде премногу нагоре во последните 5 години, па за да бидете на врвот морате да дадете се од себе, и да вложите многу средства, односно многу пари.

Спонзори?
- Спонзорите се главната работа околу која сум ангажиран постојано, знаете, мораш да бараш спонзори за да ти помогнат со проектите. Досега сум задоволен од моите спонзори но потрагата по нови трае постојано.

Раскажи ни за шоуто на мраз
- Проектот стант на мраз дојде како идеја откако размислувавме да направиме нешто интересно во зима, но прашањето беше што и како. Мене ми текна дека можеме да пробаме да го направиме тоа на мраз, откако го гледав шведскиот шампионат во трки на мраз. Мојот спонзор Сава ми набави зимски гуми со шилци, па веќе бев спремен за првите проби. Гумите не беа најдобри за правење стантови, но можев да правам интересни работи како дрифтање, возење на едно и нормално паѓање. Во секој случај се подготвуваме за финалниот проект на мраз. А како е да настапиш пред 2500 луѓе кои зјапаат во тебе? Ти врие крвта, ти се качува адреналинот. Размислуваш во главата - ќе го направам трикот, морам да го направам, нема да паднам.

Шоу на мраз, за прв пат во СловенијаШоу на мраз, за прв пат во Словенија

Некоја повреда?
- На последното шоу го повредив коленото за време на загревањето. Но на страна од ова, сите коски ми се на број.
Постојано носам целосна заштита, кацига, ракавици, штитиници за телото па дури и за колената. Безбедноста е најважна. Момци, кога правите стантови секогаш носете заштита, ќе ве поштеди од многу модрици.

Го запозна Крис Фајфер лично, знаеме дека ти е идол, па кажи ни какво беше искуството да зборуваш со својот идол?
- Чувството беше нереално, не можев да си поверувам дека седи до мене и дека сме во истата кола. Она што беше уште поневеројатно е дека за неколку часа ќе имав шоу заедно со мојот идол! Имавме шоу во центарот на Приштина. Се возевме скоро 16 часа до Косово па имавме доволно време даразговараме за се. Јас не бев многу заинтересиран за триковите кои ги прави, повеќе сакав да дознаам за неговите подготовки, начинот на живот и како тој се подготвува за натпреварите и шоуата. Сакав да знам како успева да го вклопи приватниот живот во толку многу настапи на различни континенти.. 

Chris Pfeiffer личноChris Pfeiffer лично

Каков е планот, ќе продолжиш со големи мотори или ќе се задржиш на скутерите?
- Веќе следната година одам чекор повисоко, ќе почнам да вежбам на мотор од 600цц, но ќе го задржам скутерот, тој сеуште ќе биде дел моите шоуа и натпревари.


Ја направи првата "WORKING ON A DREAM" маица, дали планираш да направиш повеќе производи со WOD логото, можеби цела колекција?
- WOD маицата е мојот прв производ, ќе видиме како ќе оди продажбата, па соодветно на тоа ќе одговориме со пуштање во продажба на нови производи. Мојата желба е да направам сопствен стил на маици кои би го носеле мојот потпис.

Рок во елементРок во елемент

Планови за иднината?
- Сакам да направам стант филм и да вежбам доволно добро за да станам најдобар во светот. Оваа година имав неколку големи проекти, слободни возења, шоуа.. следната година ќе биде година на натпревари и настапи. Ќе присуствувам на сите за да видам колку сум добар или лош.

Доколку имаш можност да го добиеш било кој мотор во светот, што би одбрал?
- Хммм, тоа би било Yamaha R6 или Aprilia Shiver 750 - тоа се моите стант мотори од соништата, имаат многу потенцијал и може да се прават мноогу трикови со нив.

Момент од настапот во ПриштинаКаква е состојбата во Словенија со мото клубовите, поконкретно со стант клубови?
- Во Словенија имаме само неколку скутер клубови, не се повеќе од 5, а еден од нив е клубот "SKUTER KLUB MURSKA SOBOTA" попознат и како "SCOOTER STUNT TEAM", чиј член сум и јас.

Како ве гледаат останатите моторциклисти во Словенија?
- Кај нас некои имаат почит за скутерџиите, некои не. Истото важи и за мене, некои луѓе знаат колку е тешко да направиш круг па дури и возење на едно, а други велат дека не е тоа ништо, небаре секој може да го направи, но мене не ми е важно тоа, јас не ги слушам "моторџиите".

Дали е можно да те видиме на некое македонски шоу?
- Зошто да не, јас сум спремен да настапам било каде, а мојот контакт го има на веб сајтот.


За крај, која е твојата порака до младите македонски стантери?
- Правете го тоа со срце, вежбајте напорно и бидете добри луѓе. И доколку сакате да бидете добри стантери, тренирајте со другите, немојте сами, гледајте ги Француските стантери.







comments

Би можело да ве интересира

Сите сме биле сведоци на нешто вакво, корисници на интерет форум или на Facebook имаат расправија за тоа чиј мотоцикл е подобар или кој возач е побрз. Нормално, дискусијата останува во виртуелниот свет, но двајца возачи од Филипините одлучија да го решат проблемот на улична трка.

Одговорено од страна на Алекс Бригс – Ози кој работи за Валентино Роси во тимот на Yamaha MotoGP.

Lifan, кој е најголемиот производител на мотоцикли во Кина и еден од најголемите во светот, повторно ќе влезе на пазарот во САД во 2017 година со неколку модели.

Во организација на МК Ноќни Волци, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија на патеката Милци крај Гевгелија, викендов се одржа последната трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос.

MotoGP шампионот Марк Маркез им се приклучи на останатите победници на церемонијата која се оддржа во Берлин.

На мото шоуто кое се оддржува оваа недела во Велика Британија Triumph ќе претстави пет нови мотоцикли меѓу кои и спцијалната едиција Tiger 800 XCx.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!