11
Нед, Дек
4 нови содржини
Интервјуа

Ексклузивно интервју: Маверик Вињалес

Ексклузивно интервју на Маверик Вињалес за мотори.ком.мк, разговаравме за почетокот на сезоната, за тимот, за неговите идни планови...

Следете нè на:

 

Очигледно Сузуки направи одлична работа со моторот, заедно со твоите возачки способности, дали мислиш дека тоа е комбинација која ќе победува на трките во 2016?
- Во Катар покажавме дека можеме да бидеме таму, мислам дека ќе имаме многу можности за да се покажеме, само треба да бидеме подготвени за тоа. Можностите ќе бидат пред нас, заедно со работата ќе дојдат и резултатите, не чека многу работа во понатамошниот тек и затоа треба да бидеме подготвени. Можеби нема да дојдеме веднаш до првата победа, но сигурно ќе се бориме за тоа.

Публиката веќе те доживува како петтиот „вонземјанин“, какво е твоето мислење?
- Јас се чувствувам навистина одлично кога ги читам овие работи, прават да се чувствувам посебно. Знам дека го имам потенцијалот да бидам дел од водечката група, иако ова е почетнички развој на моторот во оваа сезона и сеуште се работи на моторот, мислам дека кога моторот ќе биде 100% подготвен ќе го покажам целиот мој потенцијал и ќе бидам навистина добар.

mgp1maverick vinales8Маверик Вињалес ексклузивно за Motori.com.mk

Која е целта за оваа сезона, за тебе како возач но и за тимот?
- Целта која тимот си ја постави пред почетокот на сезоната е да се најдеме во Топ 6 возачите на крајот од годината. За мене оваа цел која тимот ја постави е тешка, голема цел, и сигурно нема да дојде лесно. Да бидете 6-ти на крајот од шампионатот значи дека постојано треба да бидете на 4-5-6 позиција, сите знаеме какви се условите, дека и на врвните возачи им се случува да доживеат пех на некоја трка па многу е потешко да се задржиш на однапред предвидената позиција. Јас како возач исто така си ја поставив истата цел, да бидам во првите 6 на крајот од сезоната. Јас морам да го следам тимот и не би било во ред да си поставам послабо очекување, но она што навистина го мислам е дека ќе се искачам погоре. Всушност тоа е мојата цел, да го надминам лимитот на моторот, да бидам најдобар што можам и да пробам да се пробијам напред. Ако го искористам целиот мој потенцијал и го доведам моторот до лимитот, сигурен сум дека можеме и подобро од 6-то место во генералниот пласман.

Какво е твоето мислење за новите правила во МотоГП? Дали мислиш дека промената на електрониката и новиот снабдувач со гуми ќе ја променат „играта“?
- Да, конечно гледате дека истите компоненти ги користат врвните возачи, истите правила важат и за нив, па сигурен сум дека исто како и јас, сите останати возачи се среќни во врска со тоа. Сега сите имаме поголеми шанси, до сега се навикнавме на подиумот да ги гледаме само Маркез, Лоренцо, Роси и Педроса, а вака имаме шанса и ние да се најдеме таму. За тимот ова беше како рестартирање, почнувавме сите од почеток и многу е полесно кога имаш шанси да се покажеш и да работиш напорно за да дојдеш до тоа, отколку кога од самиот старт знаеш дека врвот е недостижен.

Какви се твоите односи со клубскиот колега Алеш Еспергаро?
- Нашите односи се добри, знаете, ние сме свесни дека за еден тим да биде добар треба двајцата возачи да работат напорно за да ја достигнат целта. Работиме напорно, и мене ми е многу полесно кога и Алеш вози добро. Знаете, кога не му оди добро, мене ми е проблем да возам пред него бидејќи не можам да увидам до каде е потенцијалот на моторот. Во моментов јас сум побрз и ми недостасува тој да вози пред мене. Во подготвителниот период кога возеше во одлична форма можев многу лесно да возам зад него и да увидам што правам добро, а што лошо, кога тој вози во добра форма можам многу повеќе да научам отколку кога ќе се сретнеме само во еден круг. Ова е многу важно и за самиот тим, бидејќи кога двајцата возачи се брзи напредокот на моторот може многу подобро и за многу пократко време да се заврши.

mgp1maverick vinales63Вињалес во Катар на првата трка од сезоната

Каде се гледаш следната сезона? Дали Сузуки е тимот со кој планираш да ја продолжиш кариерата?
- Ха, интересно прашање... во моментов за мене е тешко да се замислам како член на друг тим, но знаете, секој возач мора да го следи својот пат. Секој возач има кариера пред себе на која треба напорно да работи. Кариерата е нешто што се гради постојано, и не можете, а и не треба да ја запрете затоа што некој мотор не е доволно подготвен или не е доволно брз. Во секој случај јас се чувствувам одлично во Сузуки, во моментов за мене сè е како што треба па дури и да побарате од мене да издвојам нешто што би го променил нема да го најдам. Едноставно во моментов сè е на вистинското место и не би го променил тоа.

Дали би го променил стилот на возење?
- Навистина е тешко да се каже, но кога ќе дојде време да бидам агресивен ќе го сторам тоа без проблем. Има трки на кои едноставно треба да останете смирен и мене не ми пречи тоа, можам да возам смирено. Минатата трка завршив на шестата позиција и бев задоволен со тоа па возев смирено, но, тоа беше така само затоа што немав реални шанси да атакувам на петтата позиција. Доколку ми се укажеше шанса, или доколку се најдам во ситуација на некоја од следните трки да треба да се борам за позиција ќе го сторам тоа без двоумење. Нема да бидам возач кој само врти кругови во колоната, планирам да ја искористам секоја шанса да се искачам на место погоре во генералниот пласман.

Што можат фановите да очекуваат од Маверик Вињалес на следната трка?
- Иако ова беше долг пат, среќен сум што ќе бидам повторно со мојот GSX-RR. Напредувавме многу за разлика од зимата, јас се осеќам одлично на моторот, а резултатот во Катар покажа дека можеме да се бориме за врвот. Резултатот од трката пак од друга страна ми остави горчлив вкус бидејќи знаев дека можам подобро. Затоа во Аргентина се надевам дека ќе го повторам резултатот од квалификациите, а резултатот од трката ќе го подобрам барем за некое место.

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!