11
Нед, Дек
4 нови содржини
Интервјуа

Интервју: Игор Спиров - Зизи

Иако љубителите на мотоциклизмот во Македонија немаат можност да гледаат трки со брзински мотоцикли кај нас, нема моторџија кој не чул за Зизи. Токму затоа, ова интервју го правиме со Игор Спиров - Зизи, натпреварувач во Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 600цц.

Следете нè на:

 

igor spirov ziziИгор Спиров - Зизи

Иако љубителите на мотоциклизмот во Македонија немаат можност да гледаат трки со брзински мотоцикли кај нас, нема моторџија кој не чул за Зизи. Токму затоа, ова интервју го правиме со Игор Спиров - Зизи, натпреварувач во Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам во класата до 600цц.

Тркачката кариера ја започна во 2008 година, на патеката во Кичево, а потоа го започна и својот настап на Источно-Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам. Најголемиот успех во ова натпреварување го забележа во 2012 година кога на крајот од сезоната се искачи на четвртата позиција, само 6 бодови зад третопласираниот, а во конкуренција на 38 натпреварувачи.

Сезонава ја заврши на 5-та позиција во генералниот пласман од вкупно 29 возачи, како го оценуваш успехот од оваа сезона?

- Генерално земено сум задоволен од сезоната со оглед на тоа што забележував се подобри и подобри резултати во секоја трка. 5-то место со оглед на конкуренцијата не е слаб резултат, а јас лично не сум задоволен бидејќи целта ми беше да бидам во првите тројца во генералниот пласман.

Трките оваа година се возеа само во Плевен (Бугарија), како влијае тоа на крајниот резултат?

- Не можам да кажам дека е добро затоа што сè се сведува на една патека и нејзиното познавање. Возењето само во Бугарија беше резултат на откажаните трки во Србија, Грција и Романија. За трката во Романија уште пред почетокот на сезоната се шпекулираше, но потоа дојдоа проблимето со асвалтот во Серес, за на крај да бидат откажани и две трки кои требаше да се возат на Батајница. Доколку се возеа и тие трки ќе имав повеќе шанси, во овој случај предност имаат бугарските возачи кои се тркаат на домашна патека.

Колку е подготвен твојот мотор во однос на конкурентските?

- Значително послаб во однос на конкурентите, а моторот има огромна улога во резултатот. Така доаѓам во ситуација каде буквално „гинам“ по кривините и се обидувам на кочење да се доближам до водечките, но потоа доаѓаат до израз нивните мотори и целиот труд пропаѓа во вода. Ова највеќе се манифестира на правците каде конкурентите ме поминуваа без проблем.

Да појасниме, каква опрема поседува твојот мотор?

- Се тркам со Suzuki GSX-R 600 од 2008 кој е сериски мотор (мотор кој го носи истиот агрегат како што е купен од продавница) кој има променето само заден амортизер, издувен систем и брз менувач (quick shifter), се останато е сериско, од самиот мотор па до ногарките. Едноставно возам со мотор без никакви подобрувања на машината за разлика од кункурентите кои имаат вложено многу средства и моќта на нивните мотори е значително поголема.

Од финансиски аспект, колку средства се потребни за една трка?

- Најмалку 1000 евра, ова е сума која е минимална, во која се израчунати патни трошоци, котизацијата за трката, еден сет гуми (иако се потребни барем две задни и една предна), бензин итн. Ова е без пресметка за било какви подобрувања на моторот и без трошок за тренинг. 1000 евра се средства кои се трошат само за да се појавиш на трката.

Пред почетокот на оваа сезона најави дека како подготовка ќе возиш во српскиот шампионат, да им објасниме на читателите зошто таа идеја не се реализираше.

- Идејата беше да возам српски шампионат кој беше деклариран како отворен како подготовка за трките од ИЕШ. Кога се појавивме на првата трка во Пониква (Ужице) на техничкиот преглед не ми беше дозволено да се бодувам бидејќи ми побараа да возам со српска лиценца, со изговор дека шампионатот повеќе не е отворен за надворешни учесници. Мене тоа не ми одговараше бидејќи јас како македонец сакам да возам на ИЕШ со наша лиценца и под наше знаме. На крајот се договоривме да возам на трката но без да се бодувам. Освен овој настап имав учество и на уште една трка во Србија на патеката во Краљево кога бевме повикани како гости, која исто така не се бодуваше за шампионатот. 

Дали следната сезона размислуваш да настапиш во српскиот шампионат?

- Би настапил повторно како гостин, на некоја од трките, целиот шампионат дефинитивно не би го возел бидејќи сеуште нема услови да се бодувам за пласман. Доколку има некоја трка која нема да се поклопи со календарот на ИЕШ би настапил повторно како гостин, трка која ќе ми послужи како тренинг. Оваа сезона би сакал да настапам и на една трка од Алпе-Адриа шампионатот, секако доколку имаме финансиски средства за тоа.

Кое е твоето мислење за недостигот на трки од наш, домашен шампионат?

- Не е добро бидејќи доколку имаме трки младите возачи ќе имаат можност да си ги пробаат вештините на затворена патека. Вака сме во ситуација каде немаат можност да напредуваат, дивеат по улиците и се доведуваат во опасност себе си но и останатите учесници во сообраќајот. Доколку имаме домашен шампионат ќе може да се канализира енергијата на младите кои потоа би возеле разумно по градските улици.

Каква е ситуацијата со спонзори за следната сезона?

- Оваа година имав минимална помош од страна на Мотул во форма на масло за мотоциклот, а за сите останати трошоци се грижев самиот, па така и резултати се постигнати од сопствени средства. За разлика од конкурентите зад кои стојат сериозни спонзори и клубови од кои добиваат голема помош кај нас ситуацијата е различна. За следната сезона се надевам дека ќе обезбедам спонзор кој ќе ми го олесни патот до мојата цел, а тоа е да го завршам шампионатот во првите тројца.

Како се подготвуваш за следната сезона во овој зимски период?

- Пред се сакам да му се заблагодарам на нашиот кросист Гоце Томовски кој ми овозможува да тренирам со него на мотокрос патеките и да бидам активен со мотор и во зимскиот период. Возењето мотокрос во зимскиот период го практикуваат сите тркачи бидејќи овозможува да се одржи физичката подготвеност која е од големо значење понатаму во шампионатот. До почетокот на сезоната има доволно време, но подготовките за следната сезона започнуваат веднаш по завршувањето на тековната.

Кои се твоите очекувања за следната сезона?

- Во моментот се врши подготовка на моторот со што се надевам дека конечно ќе добијам конкурентен мотоцикл, и дека ќе можам да им парирам на водечките. Следната сезона според новиот календар ќе се вози на повеќе различни патеки, повторно се вметнати Серес и Батајница, а тука е и новата патека во Романија што е добро за мене. Се надевам и дека сезоната ќе помине во најдобар ред, без проблеми и падови и дека ќе ме следи спортска среќа.

За крај би сакал да им се заблагодарам на моите другари кои во текот на целата сезона ме поддржуваат на трките.

На социјалните мрежи Зизи можете да го следите преку неговиот фан пејџ на: https://www.facebook.com/igorspirovzizi

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!