11
Нед, Дек
4 нови содржини
Интервјуа

Интервју: Рок Багорош, 5 години подоцна

Кон крајот на 2009-та година на мотори.ком.мк објавивме интервју со тогаш непознатиот Рок Багорош. Талентиран стантер од Словенија, кој својата Јамаха Аерокс ја возеше како да е БМХ. Една година подоцна, на плоштадот Македонија во Скопје бевме сведоци на неговата магија која ја правеше со скутерот во тандем со Крис Фајфер. 

Следете нè на:

 

rok-bagoros-intermot-2014Рок Багорош на саемот „Интермот“ во Келн (2014)

Кон крајот на 2009-та година на мотори.ком.мк објавивме интервју со тогаш непознатиот Рок Багорош. Талентиран стантер од Словенија, кој својата Јамаха Аерокс ја возеше како да е БМХ. Една година подоцна, на плоштадот Македонија во Скопје бевме сведоци на неговата магија која ја правеше со скутерот во тандем со Крис Фајфер.

Настанот кој го организираше Ред Бул во Скопје понуди одлична забава и адреналин за македонските моторџии, а за Рок Багорош значеше да се биде на вистинското место во вистинското време. Веднаш по настапот во Скопје тој заедно со Крис Фајфер заминува за Германија на саемот Интермот во Келн.

По пат Крис Фајфер му предлага на Рок да се обиде да најде сериозен спонзор бидејќи талентот кој го поседува е неспорен. Рок го прифаќа предлогот, и успева да договори состанок со надлежните од КТМ по сугестија на Крис Фајфер.

Денес тој е официјален стант возач за тимот на КТМ, патува низ светот покажувајќи ја својата магија со портокаловиот мотор, а саемот за мотори во Келн на кој Рок имаше свое шоу, го искористивме за да направиме ново интервју со него.

Рок, публиката од Македонија те памти по настапот во Скопје во 2010-та, што се случуваше од тогаш до сега?

- Да, бев во Скопје пред четири години на настапот заедно со Крис Фајфер, тогаш возев скутерче, а сега еве сум заедно со тимот на КТМ на саемот во Келн каде треба да настапам. Со оглед на тоа можам да кажам дека се случија многу работи, добив голем спонзор, станав официјален возач за „портокаловиот“ тим и имам голема поддршка зад себе. Патувам низ светот, имам мое шоу и настапи на кои сретнувам многу луѓе, имам мои фанови и тоа е она што ме прави среќен. Знаете, уживам во животот, за мене ова што ми се случува е остварување на сонот.

Минатата година се здоби со повреда која те оддалечи од асвалтот, како се чувствуваш сега?

- За време на КТМ фестивалот во Австрија при пад од моторот ги искинав вкрстените лигаменти на коленото. За жал повредата се случи пред планираната турнеја која требаше да се одржи на 3 континенти, но таков е спортскиот живот. Рехабилитацијата траше скоро 7 месеци, за среќа се помина во најдобар ред и сега повторно сум со мојот КТМ. Продолжив со стантовите онаму каде што застанав, турнејата ја реализирав оваа година, до сега имав повеќе од 45 настапи и мислам дека беше навистина одлична година за мене.

Дали остана во контакт со Крис Фајфер, каков е твојот однос со него?

- Да бидам искрен, постојано сме во контакт. Си пишуваме пораки, комуницираме кога сме во можност и секако се гледаме кога ќе ни се укаже прилика. Пред 3 недели бев да го посетам во неговиот дом бидејќи беше повреден, и тој сеуште е мојот идол. Се обидувам постојано да го следам неговиот пример, се трудам да го стигнам во секој поглед. Имам огромна почит за него и тој е на листата на најдобрите стантери за мене.

Дали би дошол повторно во Македонија да настапиш, овојпат како професионален стантер?

- Секако, имам голема желба е да дојдам во Македонија и на публиката да и ги покажам моите нови трикови. Сега со голем мотор наместо со скутер, па ќе можат самите да видат колку сум напреднал во овие 4-5 години. Доколку има фанови кои го сакаат тоа, доколку ми пишуваат на фејсбук профилот дека сакаат да ме видат тогаш навистина ќе се потрудиме да им го овозможиме тоа. Шегата на страна, работиме на тоа да направиме едно шоу кај вас, се надевам дека во 2015 година ќе успееме да го реализираме планот.

Што вози Рок Багорош?

- Имам KTM Duke 690, KTM Duke 125/200 но она што следува е новиот KTM RC390 кој ќе биде мојот нов стант мотор. Мислам дека ќе биде идеален мотор за возење. Навистина е лесен, има одличен аспект на моќност/тежина, експлозивен е при низок вртежен момент, а има и доволно моќ во целата крива на забрзување. Секако мојот RC390 ќе биде претворен во фристајл ѕвер со кој се надевам дека ќе го покажам целиот мој потенцијал.

Кој е твојот совет за момците од Македонија кои заспиваат со мислите на едно тркало?

- Па прво сакам да им се обратам на сите оние кои изведуваат акробации на јавни места. Тие луѓе треба да разберат дека тоа што го прават не е спорт туку едноставно е глупирање. Доколку сакате да изведувате стантови со својот мотор, најдете затворен паркинг или друга површина на која нема никого да доведете во опасност. Возењето на едно тркало на јавен пат е опасно не само за вас, туку и за другите учесници во сообраќајот. Кога ќе започнете да уживате во стантот, кога ќе научите како да го практикувате правилно повеќе никогаш нема да ви текне да правите луди работи на улица. Не дозволувајте да бидете лош пример за сите и да создавате стереотипи за моторџиите. Најдете безбедно место, секогаш носете опрема и започнете полека, никој не станал шампион за една недела. Стант возењето е фантастично нешто, одличен спорт во кој нема правила па само небото е лимит. 

comments

Би можело да ве интересира

Многумина сметаат дека тетоважите и мотоциклите одат заедно но никој не претпоставаше дека Honda ќе го свати ова толку буквално.

Во тек е последниот дел од турнејата Ducati Globetrotter 90, а Ducati Multistrada 1200 ќе се врати во гаражата на компанијата на 15-ти декември.

Кога размислувате за Кинески мотоцикли сигурно прво што ви паѓа на памет се скутерите. Но во Кина се повеќе расте побарувачката за големи машини.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Дорна денеска го објави новиот надополнет МотоГП календар за 2017 година.

Хорхе Лоренцо изненади многумина со лесното прилагодување на новиот мотоцикл, но што навистина мисли тој за Desmosedici GP?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!