24
Чет, Авг
WSBK

WSBK: Тестирањето на Филип Ајленд во знакот на Сузуки

Патеката Филип Ајленд во Австралија е домаќин на официјалниот дводневен тест за Супербајк шампионатот. Денешниот прв ден помина во знакот на Сузуки во Супербајк класата, и Кавасаки во Суперспорт.

Следете нè на:

 

Eugene-Laverty-World-Superbike-testing-2014Јуџин Лаверти покажа одлични резултати со новиот Suzuki GSX-R

Патеката Филип Ајленд во Австралија е домаќин на официјалниот дводневен тест за Супербајк шампионатот. Денешниот прв ден помина во знакот на Сузуки во Супербајк класата, и Кавасаки во Суперспорт.

Јуџин Лаверти го постави најдоброто време на патеката во првиот дел од тестот. Вториот не донесе подобрување за него, но очигледно времето од 1'30.513 кое го постави утринава беше доволно за да се задржи на првата позиција. Во однос на утринското тестирање, попладнето најголем напредок забележаа Том Сајкс, Давиде Џулијано и Алекс Ловс кои успеаа да го подобрат своето време за 0,8 секунди. 

Кај „EVO“ возачите најдобар резултат имаше Николо Канепа, а Силвиан Бариер и Мишел Фабрицио беа префрлени во болница по паѓањата за кои се сомнева дека ќе ги оддалечат од првата рунда во сезоната.

Комбинирани времиња од првиот ден:

1. Laverty (Suzuki) 1'30.513;
2. Giugliano (Ducati) 1'30.718;
3. Sykes (Kawasaki) 1'30.737;
4. Baz (Kawasaki) 1'30.757;
5. Lowes (Suzuki) 1'31.000;
6. Melandri (Aprilia) 1'31.146;
7. Haslam (Honda) 1'31.172;
8. Guintoli (Aprilia) 1'31.321;
9. Rea (Honda) 1'31.404;
10. Davies (Ducati) 1'31.419;
11. Canepa (Ducati) 1'31.897;
12. Elias (Aprilia) 1'32.301;
13. Salom (Kawasaki) 1'32.636;
14. Corti (MV Agusta) 1'32.858;
15. Barrier (BMW) 1'32.997;
16. Guarnoni (Kawasaki) 1'33.509;
17. Foret (Kawasaki) 1'33.676;
18. Morais (Kawasaki) 1'33.954;
19. Scassa (Kawasaki) 1'33.960;
20. Andreozzi (Kawasaki) 1'34.140;
21. Fabrizio (Kawasaki) 1'34.314;
22. Toth (BMW) 1'36.258;
NC. May (EBR) 1'38.152;
NC. Yates (EBR) 1'39.656;
NC. Sebestyen (BMW) 1'42.242.

Првата рунда од сезоната се вози овој викенд (21-23 февруари) на Филип Ајленд по што следува пауза од еден месец пред да продолжат трките на 13 април на патеката Арагон.

 

comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!