„Се надеваме дека во иднина ќе имаме и друга можност да го донесеме Светскиот Супербајк шампионат во Малезија“

Следната сезона, Светскиот Супербајк шампионат нема да се врати на патеката во Сепанг, Малезија.

Во изминативе три години, патеката беше домаќин на трки од овој шампионат, но бројот на гледачи е значајно намален и поради тоа Сепанг се одлучи да се фокусира на Формула 1 и MotoGP.

sepang wsbk

„Договорот за да бидеме домаќини на WSBK ни завршува оваа година и ние одлучивме овој настан повеќе да не се оддржува во Сепанг,“ изјави извршниот директор на трката, Разлан Разали.  „Со оглед на моменталната финансиска ситуација како и желбата да ги подобриме постоечките објекти, а и да изградиме нови, сметаме дека ова е најдобрата одлука во моментов. Бидејќи сакаме да го избегнеме финансискиот ризик, сметаме дека најдобро би било да ги вложиме нашите средства во двата најголеми интернационални настани, Формула 1 и MotoGP. Но, можеби во иднина кога ќе се подобри финансиската ситуација, повторно ќе бидеме домаќини на WSBK.“

Домашниот возач Зулфами Каирудин освои место на подиумот на последната трка во Сепанг.

„Ова беше навистина значајно за нас и ќе ни недостига организацијата на трката. Но, кога ќе погледнеме на повеќето фактори, сметаме дека во моментов ова е најдобрата одлука.“

Патеката во Сепанг е единствената на која се вози Формула 1, MotoGP и WSBK.

Back To Top