По пауза од шест недели Супербајк шампионатот продолжува со втората рунда која овој викенд се вози на патеката Арагон во Шпанија.

0456 r01 race1 start-9 slide big

По пауза од шест недели Супербајк шампионатот продолжува со втората рунда која овој викенд се вози на патеката Арагон во Шпанија.

Првата рунда од Супербајк шампионатот се возеше на 23-ти февруари во Австралија, од тогаш до сега се изминати долги шест недели во кои фановите на WSBK имаа можност само да ги проследат тестирањата на тимовите. Периодот на чекање заврши, овој викенд на програмата е втората рунда од Светскиот Супербајк шампионат која ќе се вози на патеката Моторленд Арагон во Шпанија.

По првата рунда во генералниот пласман водечки е Силвијан Гинтоли (Априлија) со 41 бод, 10 помалку од него има Лорис Баз (Кавасаки), а на третата позиција со 28 бодови е Марко Меландри кој од оваа година вози за тимот на Априлија.

Актуелниот шампион Том Сајкс немаше доволно среќа во првата рунда но никој не го исклучува од борбата за челната позиција овој викенд, исто како и Давиде Џулијано и Јуџин Лаверти. Не очекува возбудлив викенд во кој ќе имаме прилика да проследиме две трки, првата со почеток во 10.30, а втората со почеток во 13.15 часот. Пренос во живо од двете трки ќе можете да следите на ЕуроСпорт 2 каналот.

Back To Top