Том Сајкс (Kawasaki) одлично ги започна подготовките за новата сезона откако заврши на првото место на тестот во Херез. Возачите на Ducati, Honda и Yamaha се блиску до него.

Том Сајкс се најде на врвот на првиот неофицијален пред сезонски тест во Светскиот Супербајк Шампионат откако неколку тимови одлучија да заминат во Херез и да ги почнат подготовките за сезоната 2016.

Иако неколку тимови веќе имаат извршено приватни тестови, настапот во Херез беше прв за Kawasaki, Ducati, Honda, Yamaha, MV Agusta и BMW.

На крајот, шампионот за 2013 година Сајкс кој настапуваше со новиот Kawasaki ZX-10R беше најбрз. Тој постигна време од 1 минута и 40 секунди.  На второто место заврши Чез Дејвис од Ducati. Минатогодишниот шампион Џонатан Реа заврши на третото место, а поранешниот MotoGP возач, Ники Хејдн се најде на четвртото место.

sykes herez 2016

Добар старт имаше и PATA Crescent Yamaha R1. Нивниот возач Алекс Ловс заврши на петото место, а зад него се најдоа Мајкл Ван Дер Марк и Чави Флорес.

Силвиан Гинтоли на Yamaha и Леон Камиер на MV Agusta завршија на деветтото и десетото место пред Силвиан Барие кој дебитираше на патеката со Pedercini Kawasaki.

Во меѓувреме Shaun Muir Racing го имаше своето деби во WSBK шампионатот со Milwaukee BMW. Нивниот возач Џош Брукс имаше за 2.5 секунди послабо време, но тој загуби доста поради технички проблеми.

Back To Top