Џонатан Реа му оддаде признание на Том Сајкс за нивната интересна борба на патеката Чанг во Тајланд.  И покрај поразот, Реа сепак го зголеми водството на табелата.

Џонатан Реа му оддаде признание на неговиот колега од тимот на Kawasaki, Том Сајкс за интересната борба на патеката Чанг во Тајланд. И покрај поразот, Реа сепак го зголеми водството на табелата.

Реа доминираше на првата трка но загуби од Сајкс на втората трка која се оддржа во неделата. Во интересна борба, Сајкс успеа да го претекне Реа пред самиот крај на патеката. Реа изјави дека не му претставува никаков проблем тоа што загуби за прв пат оваа сезона и додаде дека е задоволен од фактот што Kawasaki оствари нова 1-2 победа.

rea sajks tajland2

„Направивме некои промени на мотоциклот и од десетиот круг па се до крај мислам дека имав поголема брзина од Том. Навистина сакав да победам и се обидов да го направам тоа. Но за да победите на трка на која Том вози навистина добро, мора навистина да се потрудите,“ изјави Реа.

„Големи честитки за него. Заврши одлична работа денес и заслужено не победи. Добро е за тимот што остваривме ваква победа иако посакувам јас да бев победникот. Денеска дадов се од себе но сепак Том ме победи. Сигурен сум дека трката беше интересна за гледање.“

Откако освои 95 од максимални 100 поени после првите две трки, Реа после оваа трка го зголеми водството во шампионатот за дополнителни 29 поени.

„Го зголемивме водството и тоа е добро. Некогаш кога ќе загубиш е добро за мотивацијата.“

Back To Top