Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Шефовите на Светскиот Супербајк шампионат објавија радикална промена на распоредот на патеката за втората супербајк трка во обид да се направи шампионатот поинтересен.

Распоредот за втората трка ќе зависи од резултатот кој возачите ќе го постигнат на првата трка, но ќе има и една промена. Возачите кои ќе завршат на првите три места ќе стартуваат од третиот ред, односно од седмото, осмото и деветото место.

photo1 big

Возачите кои ќе завршат на четвртото, петото и шестото место, со новиот распоред ќе стартуваат од првите три места. Возачите пак кои на првата трка ќе завршат од седмото до деветото мето, на втората трка ќе стартуваат како четврти, петти и шести. За останатите возачи ќе важи стариот распоред.

Објавата следува по состанокот на Супербајк комисијата која е составена од спортскиот директор на WSB, Грегорио Лавила, асоцијацијата на производители која е претставена од Таканао Цубоуши, директорот на FIM Резо Булчу, Даниел Карера и Пол Дупарк од Dorna и Чарлс Хенекам и Скот Смарт од FIM.

Трките ќе го задржат истиот дво дневен формат бидејќи неодамнешните извештаи потврдиле дека има зголемување на гледаноста, но исто така ќе има и промени за трките да се приспособат на новата Supersport 300 серија.

WSB исто така ќе ја забрани употребата на скутери кои возачите ги користат за подобро да ја научат патеката.

Ќе биде воведено и „flag-to-flag“ правилото што значи дека возачите ќе може да отидат во гаражата доколку има промена на условите на патеката, а FIM Superstock 1000 Cup  ќе биде преименуван во European Superstock 1000 Championship.

Back To Top