29
Саб, Апр
WSBK

WSBK: Првиот тест на Херез за Џулијано

Временските услови на патеката Херез воопшто не беа поволни за првиот пред сезонски тест во Супербајк шампионатот, но тоа не беше пречка за возачите на Хонда, Кавасаки, Априлија и БМВ да започнат со тестирањата.

Следете нè на:

 

test-sbk-jerez-gennaio-2013-1Лошото време не ги поколеба возачите, во Супербајк шампионатот започнаа возбудувањата

Временските услови на патеката Херез воопшто не беа поволни за првиот пред сезонски тест во Супербајк шампионатот, но тоа не беше пречка за возачите на Хонда, Кавасаки, Сузуки, Априлија и БМВ да започнат со тестирањата.

Најбрз на патеката на првиот ден од дводневниот приватен тест беше Давид Џулијано со време од 1:50.531. Џулијано одлично ја започна сезоната за својот тим Алтеа Рејсинг, а според времето зад него се најде Марко Меландри со БМВ. Силвијан Гинтоли оствари трето време, пред Леон Камиер на Сузуки и Јуџин Лаверти на Априлија.

jerez-test--camier14-та позиција за Леон Камиер на првиот ден од тестот

Возачите на Пата Хонда тимот, Леон Хаслам и Џонатан Реа забележаа 8. и 9. време, а последната позиција му припадна на Иван Клементи од тимот на „HTM Racing SBK“.

На патеката беа присутни и возачите на Кавасаки, Том Сајкс и Лорис Баз кои одбија да стават транспондери на своите мотори, па нивните резултати недостасуваат на табелата.

Тренинг на Херез, Ден 1:

01- Davide Giugliano – Althea Racing – Aprilia RSV4 Factory – 1’50.531
02- Marco Melandri – BMW Motorrrad GoldBet SBK Team – BMW S1000RR – 1’50.950
03- Sylvain Guintoli – Aprilia Racing Team – Aprilia RSV4 Factory – 1’52.909
04- Leon Camier – FIXI Crescent Suzuki – Suzuki GSX-R 1000 – 1’53.285
05- Eugene Laverty – Aprilia Racing Team – Aprilia RSV4 Factory – 1’53.410
06- Chaz Davies – BMW Motorrad GoldBet SBK Team – BMW S1000RR – 1’54.084
07- Jules Cluzel – FIXI Crescent Suzuki – Suzuki GSX-R 1000 – 1’54.168
08- Leon Haslam – Pata Honda Team – Honda CBR 1000RR – 1’54.548
09- Jonathan Rea – Pata Honda Team – Honda CBR 1000RR – 1’54.907
10- Ivan Clementi – HTM Racing SBK – BMW S1000RR – 1’56.029

 

comments

Би можело да ве интересира

Metzeler тврди дека Racetec RR се добри на сите услови. Овие гуми веќе се тестирани на Isle of Man, North West 200, Southern 100 и Ulster Grand Prix од возач како што е Гај Мартин.

Назначувањето на Микеле Колаинино се совпаѓа со преструктуирањето на асоцијацијата која ги именуваше својот претседател и потпретседател, а официјално ќе започнат со работа од 1-ви јули 2017 година.

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Компанијата за производство на сопирачки, Brembo, пушти на пазарот нов радијален цилиндер кој има висока спецификација и технологија која поткнува од MotoGP.

Попладнево имавме можност да разговараме со Лоренцо во однос на предизвиците со кои се соочува по преминот од Yamaha во Ducati како и развојот на новата MotoGP машина.

Стартувајќи од денеска, Англија го промени системот на казни за брзо возење, што во превод би значело дека прекршителите би можеле да добијат казна од речиси 150 % од нивната неделна заработка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!