23
Пет, Јун
WSBK

WSBK: Првата суперпол позиција во 2014 за Гинтоли

Првата суперпол позиција за 2014 година му припадна на тимот на Априлија и Силвијан Гинтоли. Големи изненадувања на стартот на шампионатот со втората позиција за Џулијано и третата за Меландри.

Следете нè на:

 

PA1469419Гинтоли ја донесе првата суперпол позиција за Априлија во сезоната

Првата суперпол позиција за 2014 година му припадна на тимот на Априлија и Силвијан Гинтоли. Големи изненадувања на стартот на шампионатот со втората позиција за Џулијано и третата за Меландри.

Давиде Џулијано (Дукати) кој минатата година победи на првата трка во Австралија на квалификациите успеа да дојде до втората позиција, додека пак Марко Меландри со својот нов тим Априлија успеа да дојде до последното место во првиот ред.

Вториот ред го започнувата дуото на Сузуки, Јуџин Лаверти и новајлијата Алекс Ловс, кои се пред возачот на Хонда, Џонатан Реа.

Најголемо изненадување секако е позицијата на актуелниот шампион, возачот на Кавасаки, Том Сајкс, кој утрешните трки ќе ги започне од осмата позиција. Сепак лошата позиција на Сајкс се должи на падот кој го доживеа во свиокот бр.9 заради силниот ветар на само 2 минути пред крајот на суперпол сесијата што го оддалечи од челните позиции кон кои се стремеше англичанецот.

Резултати од првата суперпол сесија за 2014:

1. Sylvain Guintoli FRA Aprilia Racing RSV4 1m 30.038s
2. Davide Giugliano ITA Ducati SBK 1199R 1m 30.135s
3. Marco Melandri ITA Aprilia Racing RSV4 1m 30.332s
4. Eugene Laverty IRL Voltcom Crescent Suzuki GSX-R1000 1m 30.385s
5. Alex Lowes GBR Voltcom Crescent Suzuki GSX-R1000 1m 30.421s
6. Jonathan Rea GBR Pata Honda CBR1000RR 1m 30.660s
7. Loris Baz FRA Kawasaki Racing ZX-10R 1m 30.796s
8. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R 1m 30.835s
9. Leon Haslam GBR Pata Honda CBR1000RR 1m 31.138s
10. Niccolo Canepa ITA Althea Ducati 1199R 1m 31.274s (E)
11. Chaz Davies GBR Ducati SBK 1199R 1m 31.281s
12. David Salom ESP Kawasaki Racing ZX-10R 1m 31.950s (E)

13. Toni Elias ESP Red Devils Roma Aprilia RSV4 1m 32.107s0
14. Claudio Corti ITA MV Agusta RC Yakhnich F4RR 1m 32.187s
15. Fabien Foret FRA MAHI Kawasaki ZX-10R 1m 32.248s (E)
16. Alessandro Andreozzi ITA Pedercini Kawasaki ZX-10R 1m 32.902s (E)
17. Jeremy Guarnoni FRA MRS Kawasaki ZX-10R 1m 33.146s (E)
18. Sheridan Morais RSA IRON BRAIN Kawasaki ZX-10R 1m 33.404s (E)
19. Glenn Allerton AUS BMW Italia S1000RR 1m 33.605s (E)
20. Imre Toth HUN Team Toth BMW S1000RR 1m 34.1379s

Позиции одредени од FP3

21. Mathew Walters AUS Pedercini Kawasaki ZX-10R 1m 34.453 (E)
22. Aaron Yates USA Team Hero EBR 1190RX 1m 35.521s
23. Geoff May USA Team Hero EBR 1190RX 1m 36.150s
24. Peter Sebestyen HUN Team Toth Italia S1000RR 1m 37.274s (E)

(E) ознака за новата EVO класа

Без пласман
Sylvain Barrier FRA BMW Italia S1000RR (E) *
Luca Scassa ITA Pedercini Kawasaki ZX-10R (E) **
Michel Fabrizio ITA IRON BRAIN Kawasaki ZX-10R (E) 

* Заменет од Glenn Allerton
** Заменет од Matt Walters

Првата трка се вози ноќеска во 2 часот по полноќ, а втората е во 4.40 изутрина. Пренос во живо од двете трки можете да следите на ЕуроСпорт каналот.

 

comments

Би можело да ве интересира

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

„Секако дека временските услови секогаш се непредвидливи и прават работите да се менуваат многу брзо. Затоа мораме да бидеме подготвени да се адаптираме исто како што направивме минатата сезона и во 2014 година“ – Марк Маркез

Откако на големо изненадување, прилично рано беше објавен календарот за следната сезона во Формула 1, се поставува прашањето како тоа ќе влијае на MotoGP календарот за следната сезона.

Германецот кој настапува за тимот Tech 3 Yamaha се најде пред двајцата фабрички возачи, како на двете сесии така и на трката. Тимот на Ерв Поншарал ја продолжи серијата на импресивни настапи.

Motul повторно е официјален лубрикант на трофејот Isle of Man. Од 5-ти до 9-ти јуни, три тима со техничка поддрша од страна на Француската компанија остварија победи на трката која постои од 1911 година.

Популарноста на мотоциклот доаѓа од комбинацијата на пристојни перформанси, бројот на вртежи како и просторот за багаж. На тоа може да се додаде и неговата издржливост, квалитет како и атрактивната цена.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!