WSBK

WSBK: Прва победа за Дукати во сезоната

Чаз Дејвис прикажа префектно возење од почетокот до крајот на првата трка во Арагон и заслужено дојде до првата победа во Супербајк шампионатот за тимот на Дукати.

Следете нè на:

 

Чаз Дејвис прикажа префектно возење од почетокот до крајот на првата трка во Арагон и заслужено дојде до првата победа во Супербајк шампионатот за тимот на Дукати.

Веднаш зад возачот на Дукати се најде дуото на Кавасаки, Џонатан Реа и Том Сајкс кои го комплетираа подиумот на првата трка од третата рунда во WSBK која викендов се вози на патеката Моторленд Арагон во Шпанија.

PA1880451.0008Безгрешниот Дејвис дојде до првата победа во сезоната

Дејвис иако не се најде во првиот ред по квалификациите успеа да дојде до првата позиција веќе во третиот круг, па до тогаш водечкиот Сајкс мораше да му го препушти водечкото место на возачот на Дукати. На крајот Сајкс мораше да му ја препушти и втората позиција на својот клубски колега Џонатан Реа, и со помалку од една секунда заостанување финишираше на третата позиција.

На четвртата позиција се најде локалниот возач Џави Форес за кого ова беше најдобар пласман во кариерата. Тој во последните кругови успеа да го помине фабричкото Дукати на Давиде Џулијано. На шестата позиција се најде Ники Хејден кој беше најдобро пласиран возач на Хонда откако Михаел ван дер Марк доживеа пад на почетокот од трката.

Резултати од првата трка:

1. Chaz Davies GBR Aruba.it Racing Ducati 1199R 18 laps
2. Jonathan Rea GBR Kawasaki Racing ZX-10R +4.168s
3. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +4.948s
4. Xavi Fores ESP Barni Ducati 1199R +12.723s
5. Davide Giugliano ITA Aruba.it Racing Ducati 1199R +13.151s
6. Nicky Hayden USA Honda Racing CBR1000RR +21.117s
7. Jordi Torres ESP Althea BMW S1000RR +22.112s
8. Alex Lowes GBR PATA Crescent Yamaha R1 +25.575s
9. Sylvain Guintoli FRA PATA Crescent Yamaha R1 +28.941s
10. Lorenzo Savadori ITA IodaRacing Aprilia RSV4 +34.956s
11. Alex de Angelis RSM IodaRacing Aprilia RSV4 +35.075s
12. Roman Ramos ESP GO Eleven Kawasaki ZX-10R +37.310s
13. Josh Brookes AUS Milwaukee BMW S1000RR +37.442s
14. Markus Reiterberger GER Althea BMW S1000RR +37.731s
15. Karel Abraham CZE Milwaukee BMW S1000RR +52.270s
16. Sylvain Barrier FRA Pedercini Kawasaki ZX-10R +56.295s
17. Matthieu Lussiana FRA Team ASPI BMW S1000RR +67.602s
18. Dominic Schmitter SUI Grillini Kawasaki ZX-10R +95.691s
19. Peter Sebesteyen HUN Team Toth Yamaha R1 +95.746s
20. Imre Toth HUN Team Toth Yamaha R1 +1 lap
21. Saeed al Sulaiti QAT Pedercini Kawasaki ZX-10R +2 laps

Без пласман

Matteo Baiocco ITA VFT Ducati 1199R 13 круга завршени
Josh Hook AUS Grillini Kawasaki ZX-10R 13 круга завршени
Leon Camier GBR MV Agusta RC F4 RR круга завршени
Michael van der Mark NED Honda Racing CBR1000RR круга завршени

Би можело да ве интересира

Како што можете да забележите по огласите за продажба на мотоцикли, возраста се повеќе ги принудува возачите засекогаш да се откажат од своите мотоцикли.

Во Хонда салонот на Макпетрол пристигна новиот Honda CB125R 2018.

Организаторите на релито Дакар само што ги соопштија нивните првични планови за 2019 година. Следната сезона, оваа исклучително тешка трка ќе се оддржи само во една држава: Перу.

MV Agusta по пауза од 40 години повторно ќе биде дел од Гран При трките. Легендарната Италијанска компанија од 2019 година ќе биде дел од Moto2 серијата.

Патеката Ле Ман во Франција беше домаќин на петтата трка до МотоГП шампионатот. Марк Маркез уште еднаш го потврди својот авторитет откако победи со предност од 2.31 секунда пред второпласираниот Петручи.

Дукати го обезбеди потписот на Довициозо, но сѐ уште не е познато кој ќе биде негов тимски колега.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!