23
Нед, Апр
WSBK

WSBK: Победи за Меландри и Лаверти

Првата трка беше среќна за Марко Меландри, додека пак Јуџин Лаверти по разочарувачката прва трка, победи на втората трка. Во втората трка Том Сајкс и Марко Меландри едноставно немаа среќа.

Следете нè на:

 

Лаверти, Меландри и СајксГлавните претенденти за титулата: Лаверти, Меландри и Сајкс

Првата трка беше среќна за Марко Меландри, додека пак Јуџин Лаверти по разочарувачката прва трка, победи на втората трка. Во втората трка Том Сајкс и Марко Меландри едноставно немаа среќа.

Јуџин Лаверти се врати во борбата за титула во Светскиот Супербајк шампионат по остварувањето на четвртата победа оваа сезона на трката во Портимао.

Откако не успеа да оствари победа на првата трка поради механички проблеми на неговата Aprilia RSV4, Лаверти немаше никакви проблеми на втората трка, водејќи од почетокот до крајот.

Неговите двајца најголеми ривали, Том Сајкс и Марко Меландри, имаа проблеми на оваа трка. Том Сајкс го оштети мотоциклот во загревачкиот круг, а Марко Меландри имаше проблеми со задната гума.

Проблемите на Сајкс создадоа драма уште пред да почне трката. Британецот го оштети моторциклот и се врати во гаражата. Иако Сајкс беше во можност да стартува од боксот, двете враќања во гаражата го одалечија од борбата за првото место. Тој на крајот трката ја заврши со доцнење од 7 круга, но она што е интересно е дека постави нов рекорд на патеката кој претходно го имаше забележано Макс Бијаџи во 2010 година.

Бидејќи немаше друг возач до него Лаверти го превзеде водството уште на стартот. Ирецот беше следен од Џонатан Реа.

Лаверти и Реа беа заедно во првата половина на трката пред вториот да биде претекнат од Силвиан Гуинтоли во шестаесетиот круг.

Сепак беше премногу доцна за Гинтоли да го брка првото место.

Лаверти може да биде задоволен од тоа што двајца од неговите најблиски ривали за титулата имаа лошо попладне. Сајкс беше далеку од место кое носи поени а победникот на првата трка Марко Меландри се мачеше со лошата задна гума.

Резултати од првата трка:

1. Marco Melandri ITA BMW GoldBet S1000RR HP4 38m 12.447s
2. Sylvain Guintoli FRA Aprilia Racing RSV4 +0.007s
3. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +4.224s
4. Leon Camier GBR Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 +9.479s 
5. Loris Baz FRA Kawasaki Racing ZX-10R +12.057s 
6. Chaz Davies GBR BMW GoldBet S1000RR HP4 +16.610s
7. Michel Fabrizio ITA Red Devils Roma RSV4 +21.350s
8. Jules Cluzel FRA Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 +22.337s 
9. Carlos Checa ESP Alstare Ducati 1199 R +23.662s 
10. Federico Sandi ITA Pedercini Kawasaki ZX-10R +1m 26.995s 
11. Vittorio Iannuzzo ITA Grillini Dentalmatic BMW S1000RR +1m 27.119s
12. Ivan Clementi ITA HTM BMW S1000RR +1m 29.096s
13. Max Neukirchner GER MR Ducati 1199 R +3 круга

Без пласман

14. Ayrton Badovini ITA Alstare Ducati 1199 R 19 круга завршени
15. Eugene Laverty IRL Aprilia Racing RSV4 11 круга завршени
16. Leon Haslam GBR Pata Honda CBR1000RR 9 круга завршени
17. Jonathan Rea GBR Pata Honda CBR1000RR 8 круга завршени
18. Alexander Lundh SWE Pedercini Kawasaki ZX-10R 6 круга завршени
19. Davide Giugliano ITA Althea Racing RSV4 5 круга завршени

 

Резултати од втората трка:

1. Eugene Laverty IRL Aprilia Racing RSV4 22 круга 
2. Sylvain Guintoli FRA Aprilia Racing RSV4 +4.107
3. Jonathan Rea GBR Pata Honda CBR1000RR +5.853s 
4. Loris Baz FRA Kawasaki Racing ZX-10R +15.306s 
5. Chaz Davies GBR BMW GoldBet S1000RR HP4 +17.552s
6. Carlos Checa ESP Alstare Ducati 1199 R +18.366s 
7. Jules Cluzel FRA Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 +29.392s 
8. Ayrton Badovini ITA Alstare Ducati 1199 R +38.359s
9. Davide Giugliano ITA Althea Racing RSV4 +39.321s 
10. Michel Fabrizio ITA Red Devils Roma RSV4 +44.603s
11. Max Neukirchner GER MR Ducati 1199 R +45.339s
12. Marco Melandri ITA BMW GoldBet S1000RR HP4 +45.429s
13. Federico Sandi ITA Pedercini Kawasaki ZX-10R +1m 16.310s 
14. Alexander Lundh SWE Pedercini Kawasaki ZX-10R +1m 16.375s 
15. Vittorio Iannuzzo ITA Grillini Dentalmatic BMW S1000RR +1m 18.303s

16. Ivan Clementi ITA HTM BMW S1000RR +1m 24.259s
17. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +7 круга

Без пласман

18. Leon Camier GBR Fixi Crescent Suzuki GSX-R1000 12 круга завршени

Не стартуваше

Leon Haslam GBR Pata Honda CBR1000RR

 

Генерален пласман:

1. Sylvain Guintoli (Aprilia) 213
2. Tom Sykes (Kawasaki) 185
3. Eugene Laverty (Aprilia) 174
4. Marco Melandri (BMW) 156
5. Chaz Davies (BMW) 133
6. Loris Baz (Kawasaki) 119
7. Jonathan Rea (Honda) 105
8. Michel Fabrizio (Aprilia) 101
9. Davide Giugliano (Aprilia) 79
10. Jules Cluzel (Suzuki) 72
11. Leon Camier (Suzuki) 62
12. Max Neukirchner (Ducati) 53
13. Carlos Checa (Ducati) 50
14. Ayrton Badovini (Ducati) 45
15. Leon Haslam (Honda) 29
16. Federico Sandi (Kawasaki) 23
17. Ivan Clementi (BMW) 18
18. Vittorio Iannuzzo (BMW) 13
19. Niccolò Canepa (Ducati) 11
20. Alexander Lundh (Kawasaki) 10
21. Fabrizio Lai (Kawasaki) 8
22. Glen Allerton (BMW) 6
23. Jamie Stauffer (Honda) 4
24. Kosuke Akiyoshi (Honda) 2
25. Mark Aitchison (Ducati) 2
 
comments

Би можело да ве интересира

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Макпетрол во својот продажен салон го изложи новиот модел на Honda CBR500R.

Викендов на програмата е третата трка од МотоГП шампионатот која се вози на патеката „Circuit of the Americas“ во Остин, САД.

Според спецификацијата станува збор за мотоцикл кој развива неверојатни 212кс и има тежина од само 171 килограм!

Ако Вињалес го победи Маркез на оваа патека, тогаш може да го победи секаде. Но дали возачот на Honda ќе возврати?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!