22
Вто, Авг
WSBK

WSBK: Победа за Сајкс на првата трка во Лагуна Сека

Возачот на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот го зголеми водството во генералниот пласман со победата на првата трка која се возеше во САД на патеката Лагуна Сека.

Следете нè на:

 

0604 r12 race1 podiumОстанува борбата за титулата помеѓу првите четворица во шампионатот

Возачот на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот го зголеми водството во генералниот пласман со победата на првата трка која се возеше во САД на патеката Лагуна Сека.

Трката беше прекинувана на два пати заради оштетена заштитна ограда, па така на крајот третиот старт се покажа како „среќен“ бидејќи помина без инциденти, но се возеа само 12 круга. Третиот старт беше лош за возачите на Априлија, до последниот круг Том Сајкс беше водечки, а пред нив беа Марко Меландри и Чаз Дејвис на БМВ. Благодарение на одличниот влез на Лаверти во популарниот свиок „Corkscrew“ Априлија доби свој претставник на подиумот, а Меландри мораше да се задоволи со четвртата позиција.

Со новите бодови Сајкс го зголеми водството пред второ пласираниот Гинтоли на 22, односно 35 повеќе од Лаверти, а Меландри заостанува за 45 бода зад сајкс.

Втората трка се вози вечерва во 23.00 со пренос на ЕуроСпорт каналот.

Laguna Seca - FIM Superbike - Трка 1
 
1. Tom Sykes (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 16'55.703
2. Chaz Davies (BMW Motorrad GoldBet SBK) BMW S1000 RR 16'56.956
3. Eugene Laverty (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 16'58.157
4. Marco Melandri (BMW Motorrad GoldBet SBK) BMW S1000 RR 16'58.353
5. Sylvain Guintoli (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 16'59.133
6. Davide Giugliano (Althea Racing) Aprilia RSV4 Factory 16'59.287
7. Jules Cluzel (Fixi Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 17'04.837
8. Toni Elias (Red Devils Roma) Aprilia RSV4 Factory 17'06.955
9. Ayrton Badovini (Team Ducati Alstare) Ducati 1199 Panigale 17'09.843
10. Mark Aitchison (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 17'13.533
11. David Salom (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 17'13.713
12. Blake Young (Fixi Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 17'17.470
13. Michel Fabrizio (Pata Honda World Superbike) Honda CBR1000RR 17'17.790
14. Federico Sandi (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 17'28.540
15. Vittorio Iannuzzo (Grillini Dentalmatic SBK) BMW S1000 RR 17'29.970
16. Glen Allerton (Next Gen Motorsports) BMW S1000 RR 17'45.870
 
comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!