21
Пон, Авг
WSBK

WSBK: Победа за Лаверти на втората трка во Лагуна Сека

Победа за Лаверти на втората трка во САД која го искачи на втората позиција во генералниот пласман со заостанување од 23 бода зад Том Сајкс.

Следете нè на:

 

0836 r12 laverty actionВозбудлива трка за неизвесност во шампионатот

Победа за Лаверти на втората трка во САД која го искачи на втората позиција во генералниот пласман со заостанување од 23 бода зад Том Сајкс.

Во првата трка која му припадна на возачот на Кавасаки, Лаверти дојде до третата позиција во последните кругови откако го помина Меландри, но втората трка беше значително различна. Сајкс повторно ја имаше првата позиција на почетокот од трката, но Џулијано и Меландри се погрижија да следиме возбудлива завршница. 

Како што е обичај во Супербајк, победникот не е познат до самиот крај на трката па така беше и овојпат. На само три круга до крајот, Лаверти успеа спектакуларно да го помине Давиде Џулијано кој мораше да се задоволи со втората позиција.

Марко Меландри ја помина целта на третата позиција, оставајќи го Сајкс на страна од пиедесталот на втората трка. Силвијан Гинтоли не успеа да го задржи темпото на водечките, но сепак ја заврши трката на петтата позиција што му помогна да одржи чекор со водечките во генералниот пласман.

Резултати од втората трка:

1. Eugene Laverty (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 36'44.555
2. Davide Giugliano (Althea Racing) Aprilia RSV4 Factory 36'44.667
3. Marco Melandri (BMW Motorrad GoldBet SBK) BMW S1000 RR 36'46.606
4. Tom Sykes (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 36'46.859
5. Sylvain Guintoli (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 36'47.514
6. Jules Cluzel (Fixi Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 36'54.742
7. Toni Elias (Red Devils Roma) Aprilia RSV4 Factory 37'02.344
8. Roger Lee Hayden (Michael Jordan Motorsports) Suzuki GSX-R1000 37'05.157
9. David Salom (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 37'06.610
10. Michel Fabrizio (Pata Honda World Superbike) Honda CBR1000RR 37'08.027
11. Leon Haslam (Pata Honda World Superbike) Honda CBR1000RR 37'08.673
12. Blake Young (Fixi Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 37'14.118
13. Mark Aitchison (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 37'17.120
14. Danny Eslick (Michael Jordan Motorsports) Suzuki GSX-R1000 37'36.332
15. Niccolò Canepa (Team Ducati Alstare) Ducati 1199 Panigale 37'50.379
16. Vittorio Iannuzzo (Grillini Dentalmatic SBK) BMW S1000 RR 38'08.447
17. Glen Allerton (Next Gen Motorsports) BMW S1000 RR 36'53.376
RT. Ayrton Badovini (Team Ducati Alstare) Ducati 1199 Panigale 25'48.686
RT. Chaz Davies (BMW Motorrad GoldBet SBK) BMW S1000 RR 2'55.825

До крајот на шампионатот преостануваат само уште две рунди, а состојбата на табелата е следна:

 
 
Возач
Производител
Бодови
KAWASAKI
361
APRILIA
338
APRILIA
337
BMW
319
BMW
259
KAWASAKI
180
HONDA
177
HONDA
176
APRILIA
169
SUZUKI
160
SUZUKI
114
DUCATI
114
DUCATI
84
HONDA
83
DUCATI
80
KAWASAKI
47
APRILIA
38
KAWASAKI
29
BMW
18
DUCATI
12
KAWASAKI
12
KAWASAKI
10
KAWASAKI
8
SUZUKI
8
KAWASAKI
5
YAMAHA
4
HONDA
4
SUZUKI
2
HONDA
2

 

comments

Би можело да ве интересира

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!