30
Вто, Мај
WSBK

WSBK: Победа за Гинтоли на втората трка, Лаверти без бодови

Втората трка на Филип Ајленд донесе многу возбудувања, а ќе биде запаметена по прераниот крај заради проблемите на Лаверти со своето Сузуки.

Следете нè на:

 

50 guintoliaction dg1 5408 fullПрва победа во сезоната за Гинтоли која го искачи на првото место и во генералниот пласман

Втората трка на Филип Ајленд донесе многу возбудувања, а ќе биде запаметена по прераниот крај заради проблемите на Лаверти со своето Сузуки.

Победа за Силвијан Гинтоли на втората трка во сезоната му го донесе и водечкото место во генералниот пласман по првата рунда. Возачот на Априлија на најдобар начин ја започнува сезоната со вкупно 41 бод на неговото конто.

Уште еден возач кој имаше причина да слави секако е Лорис Баз кој со второто место се искачи на втората позиција во генералниот пласман. Третопласиран на втората трка беше актуелниот шампион и негов клубски колега, Том Сајкс кој имаше и контакт со Баз но за среќа на двајцата се помина во најдобар ред.

Јуџин Лаверти е човекот кој најмногу ќе жали за втората трка. Во моментите кога следевме негов налет и потсетување на она што се случи во првата трка, неговиот мотор не издржа. 16-от круг од вкупно 22 колку што беа предвидени се покажа како пресуден, а белиот чад од неговото Сузуки значеше и црвено знаме со што се означи прераниот крај на трката. Лаверти со ова веќе искористи еден агрегат од вкупно 8-те колку што имаат возачите за користење во целата сезона.

Резултати од втората трка

ПозБр.ВозачМоторНајбрз кругРазлика
1 50 S. GUINTOLI Aprilia RSV4 Factory 1'31.421  
2 76 L. BAZ Kawasaki ZX-10R 1'31.660 0.283
3 1 T. SYKES Kawasaki ZX-10R 1'31.440 1.103
4 34 D. GIUGLIANO Ducati 1199 Panigale R 1'31.550 2.052
5 65 J. REA Honda CBR1000RR 1'31.937 4.951
6 91 L. HASLAM Honda CBR1000RR 1'31.948 5.673
7 7 C. DAVIES Ducati 1199 Panigale R 1'31.863 9.664
8 33 M. MELANDRI Aprilia RSV4 Factory 1'31.720 10.574
9 24 T. ELIAS Aprilia RSV4 Factory 1'31.972 11.682
10 44 D. SALOM Kawasaki ZX-10R EVO 1'32.603 15.065
11 59 N. CANEPA Ducati 1199 Panigale R EVO 1'32.513 16.294
12 9 F. FORET Kawasaki ZX-10R EVO 1'32.606 16.919
13 22 A. LOWES Suzuki GSX-R1000 1'31.598 19.694
14 32 S. MORAIS Kawasaki ZX-10R EVO 1'33.335 27.266
15 14 G. ALLERTON BMW S1000 RR EVO 1'33.213 27.845
16 11 J. GUARNONI Kawasaki ZX-10R EVO 1'33.648 29.431
17 21 A. ANDREOZZI Kawasaki ZX-10R EVO 1'33.148 36.393
18 71 C. CORTI MV Agusta F4 RR 1'33.418 37.018
19 10 I. TOTH BMW S1000 RR 1'35.269 54.093
20 20 A. YATES EBR 1190 RX 1'36.732 1'13.385
RET 58 E. LAVERTY Suzuki GSX-R1000 1'31.668 0.131

 Следната трка се вози на 13-ти април на патеката Арагон во Шпанија.

Во генералниот пласман водечки е Силвијан Гинтоли со 41 бод, пред Лорис Баз со 31 бод, а Марко Меландри е трет со 28 бода. Следува Џулијано со 26, Лаверти 25, Сајкс 25, Реа 21, Дејвис 17, Салом 13 и на 10-та позиција е Канепа со 11 бода.

 

comments

Би можело да ве интересира

МотоГП шампионатот продолжува со најпознатата патека во календарот, легендарната Муџело. Овој викенд на програмата е шестата од вкупно 18 трки колку што се предвидени за 2017 година.

Да бидеме искрени, силниот звук од издувот нема да ве спаси ако лицето кое управува со нов автомобил го пуштил звучиот систем најгласно и гледа на својот телефон додека вози. Но не грижете се бидејќи Bosch развива систем кој ќе ги предупредува возачите.

Џонатан Реа стави крај на доминантната серија која Том Сајкс ја имаше на Донингтон Парк. Откако падна на првата, тој успеа да оствари победа на втората трка.

Возачот на Movistar Yamaha, Валентино Роси, беше дел од една несреќа која се случи минатата недела за време на тренингот во Мондавио, Италија.

Откако настапи со вајлд карта за Moto3 тимот на Red Bull KTM Ajo на патеката во Ле Ман, Дени Кент ќе се врати во Moto2 за трката во Муџело. Англичанецот ќе биде замена за повредениот Икер Лекуона во тимот Garage Plus Interwetten.

Марк Маркез се најде на врвот на дводневниот приватен тест кој се оддржа на патеката во Каталуња, Барселона. Во пресрет на трката која е закажана за следниот месец на истата патека, можноста за тренинг ја искористија речиси половина од MotoGP тимовите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!