18
Пет, Авг
WSBK

WSBK: Победа за Џонатан Реа на првата трка на Филип Ајленд

Актуелниот Супербајк шампион, Џонатан Реа ја започна сезоната победнички.

Следете нè на:

 

Возачот на Кавасаки и актуелен светски шампион во Супербајк, Џонатан Реа, ја забележа првата победа на трката која утринава се возеше на патеката Филип Ајленд во Австралија.

Реа имаше одличен старт на трката и водеше во поголемиот нејзин дел, но во ниту еден момент не се одвои на чело од колоната што доведе до тоа да следиме возбудлива трка. Борбата за првата позиција се водеше до последниот свиок помеѓу Џонатан Реа (Кавасаки), Чаз Дејвис (Дукати) и Михаел ван дер Марк (Хонда). 

rea pobeda fa1Реа победи на првата саботна трка во историјата на Супербајк шампионатот

Иако Реа имаше одличен старт, водечката позиција му ја препушти на својот клубски колега Том Сајкс во третиот круг. Двете водечки кавасаки беа следени од дукатито на Дејвис и Гинтоли, а зад нив се најдоа две хонди и две јамахи. Сајкс беше во водство до 8-от круг кога Реа повторно ја превзема водечката позиција, зад нив Дејвис, Џулијано и ван дер Марк постојано ги менуваа своите позиции.

Распоредот за утрешните возбудувања е следен: Недела (28.02.2016) WorldSBK - WUP 01:25 - 02:40; WorldSSP - Трка 03:30; WorldSBK - Трка 2 05:00. Пренос во живо има на ЕуроСпорт 1 каналот.

По половина од трката Реа започна да притиска посилно, а само Дејвис и ван дер Марк беа возачите кои можеа да го држат темпото на новиот Kawasaki ZX-10R. До крајот на трката битката за првата победа во сезоната им остана на Реа и Дејвис, па иако возачот на Дукати успеа да дојде до водството во последниот круг, Реа рутинирано се врати на чело од колоната и дојде до својата 30-та победа во кариерата.

hi R01 Phillip Island ReaGB4 0910Возбудлив старт на сезоната 2016 во Супербајк шампионатот

1. Jonathan Rea GBR Kawasaki Racing ZX-10R 22 laps
2. Chaz Davies GBR Aruba.it Racing Ducati 1199R +0.063s 
3. Michael van der Mark NED Honda Racing CBR1000RR +0.487s 
4. Davide Giugliano ITA Aruba.it Racing Ducati 1199R +0.647s 
5. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +3.429s 
6. Sylvain Guintoli FRA PATA Crescent Yamaha R1 +3.510s 
7. Leon Camier GBR MV Agusta RC F4 RR +10.721s 
8. Jordi Torres ESP Althea BMW S1000RR +11.539s 
9. Nicky Hayden USA Honda Racing CBR1000RR +15.534s 
10. Josh Brookes AUS Milwaukee BMW S1000RR +23.239s 
11. Roman Ramos ESP GO Eleven Kawasaki ZX-10R +23.411s 
12. Lorenzo Savadori ITA IodaRacing Aprilia RSV4 +24.012s 
13. Karel Abraham CZE Althea BMW S1000RR +37.281s 
14. Mike Jones AUS Desmo Sport Ducati 1199R +44.720s
15. Sylvain Barrier FRA Pedercini Kawasaki ZX-10R +46.357s 

16. Dominic Schmitter SUI Grillini Kawasaki ZX-10R +1m 08.238s 
17. Saeed al Sulaiti QAT Pedercini Kawasaki ZX-10R +1m 08.299s 
18. Peter Sebesteyen HUN Team Toth Yamaha R1 +1m 30.771s 
19. Imre Toth HUN Team Toth Yamaha R1 +1 lap 
20. Markus Reiterberger GER Althea BMW S1000RR +1 lap 

Без пласман

21. Alex Lowes GBR PATA Crescent Yamaha R1 16 laps completed
22. Xavi Fores ESP Barni Ducati 1199R 12 laps completed 
23. Alex de Angelis RSM IodaRacing Aprilia RSV4 2 laps completed

Не стартуваше

Toprak Razgatlioglu TUR Grillini Kawasaki ZX-10R

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!