WSBK

WSBK Pirelli Aragón: Дали знаевте?

Неколку факти за третата рунда од Светскиот Супербајк шампионат која овој викенд е под покровителство на Пирели.

Следете нè на:

 

Pirelli е главниот покровител на третата рунда од Светскиот Супербајк шампионат која ќе се вози овој викенд на патеката Арагон во шпанија. Пред да започнат возбудувањата да ги погледнеме бројките од изминатите сезони.

Во 2011, MotorLand стана петтата Шпанска патека која ќе биде домаќин на трка од Светскиот Супербајк шампионат, а вкупно четириесет и четврта. На домашните возачи тешко им оди на оваа патека. Карлос Чека е единствениот возач кој успеал да се најде на врвот. Во 2011, на првата трка која се оддржа тука, тој успеа да постигне најбрзо време на еден извозен круг.

wsbk race2 hl 02804 p3 action bigСупербајк шампионатот е подготвен за третата рунда

На првите трки, победници беа Италијанци. Марко Меландри и Макс Бијаџи победија во 2011 и 2012 година. Но од 2013, MotorLand Aragón стана Британска трка откако Чез Дејвис, Том Сајкс и Џонатан Реа успеаа да остварат победи на следните трки.

Само тројца возачи успеале да стартуваат од првото место. Марко Меландри во 2011, Том Сајкс од 2012 до 2014 и Леон Хаслам минатата година. Чез Дејвис заостанува само еден бод од Марко Меландри во борбата за најдобар возач на оваа патека. Меландри има 138, а Дејвис во моментов има 137 поени.

Aprilia е единствениот тим што успева да освои место на подиумот секоја година на оваа патека. Досега тоа им успеало десет пати. Kawasaki е на второто место со 8 места на подиумот. На секоја трка која се одржувала на оваа патека до сега, има по еден возач на Aprilia кој се наоѓа во првиот ред. Досега тие имаат остварено две победи благодарение на Макс Бијаџи.

BMW и Kawasaki имаат остварено по три победи на оваа патека. За германскиот тим победија Марко Меландри во 2012 и Чез Дејвис една година подоцна. Тоа беа и последните две места на подиумот за BMW на оваа патека. Жорди Торес со својата Althea BMW оваа сезона ќе се обиде да го промени тоа.

Kawasaki го дели рекордот за најмногу победи остварени на оваа патека. Пред две години тие остварија 1-2 победа. Од 2012 година, возач на Kawasaki постојано се наоѓа во првиот ред на стартот на трката. Минатата сезона, Реа победи на првата трка, а Сајкс заврши на третото место, а на втората трка, возачот од Северна Ирска за малку загуби од возачот на Ducati, Чез Дејвис.

Honda до сега само еднаш имаат завршено на подиумот на патеката во Арагон откако Џонатан Реа заврши на третото место на првата трка во 2014 година, но се чини дека тоа ќе се промени. На првите четири трки од оваа сезона Honda и ван дер Марк имаат 75% успешност. Единствен неуспех доживеаа на трката во Тајланд кога холанѓанецот заврши на четвртото место. Најдобро постигнато место на квалификациите им е четврто благодарение на Џонатан Реа во 2014 година.

Актуелниот шампион Џонатан Реа ќе замине на патеката во Шпанија како лидер на последните 28 трки. Ова е една од најдолгите низи во историјата на шампионатот после првата трка. Пред него се Фогерти со 32 во периодот од 1994 до 1995 година и Бејлис со 41 во периодот од 2001 до 2002 година.

comments

Би можело да ве интересира

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

MV Agusta само што го претстави 2018 F4 RC, модел од рангот на Светскиот Супербајк шампионат кој може да се вози на тркачка патека и на улица.

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

Италијанскиот возач успеа да го победи Маркез во последниот круг и сега заостанува само 11 поени зад Шпанецот на три трки до крајот на сезоната.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!