28
Нед, Мај
WSBK

WSBK: Ќе се вози Силверстоун, но и Истанбул

Турската трка во Светскиот Супербајк шампионат ќе се одржи на 15ти септември, помеѓу трките Nirburgring во Германија и Laguna Seca во САД.

Следете нè на:

 

istanbul-2007Ќе имаме можност да присуствуваме на трка од Супербајк шампионатот на Истанбул Парк

По многуте шпекулации, на крајот излезе дека ќе се вози на патеката Силверстоун, но во календарот додадена е и трката која е интересна за нас, онаа на Истанбул Парк која ќе се вози на 15 септември.

Се чини стравувањата дека Светската Супербајк трка на Silverstone ќе биде откажана беа неоправдани, откако вчера се појавија гласини дека Silverstone е повторно на календарот, а денеска тоа е и официјално потврдено на фејсбук страната на патеката.

Трката ќе се одржи на 4ти Август и ќе видиме натпревари од класите: World Superbike, World Supersport, Superstock 1000 и 600.

Како и во случајот со MotoGP, и WSBK ќе го користи стариот комплекс на гаражи наместо новиот комплекс. Ова го враќа почетокот и крајот на патеката на старата локација.

Оваа локација има повеќе место за четирите класи кои се натпреваруваат во WSBK, а подобро е и за фановите бидејќи боксот под Silverstone Wing (новиот комплекс), не е видлив од спротивните трибини.

Гласини се појавија во февруари дека WSBK трката во Silverstone нема да се одржи, бидејќи тие нема да можат да ја платат таксата која ја бара Dorna, и нема да можат да ги надоместат трошоците со оглед на малата посетеност на патеката.

Сепак, трката во 2012 година беше закажана да се оддржи на средина на Олимписките игри во Лондон, и се верува дека тоа е главната бричина за намалената посетеност. Надежите се дека без Олимписките игри, посетеноста повторно ќе се зголеми.

Другата промена во календарот на WSBK наскоро ќе биде потврдена. Датумот на 23 јуни, означен како „ќе се објави наскоро“ дефинитивно е преместен и закажан за Istanbul Park трката во Турција.

Турската трка во Светскиот Супербајк шампионат ќе се одржи на 15ти септември, помеѓу трките Nirburgring во Германија и Laguna Seca во САД. Првично на тој датум беше планирана трката во Брно, но Чесите не беа подготвени да ги платат потребните трошоци.

Неколку несигурности сепак постојат. Трката закажана за 23 Јуни беше исто така планирана како трка за класите 600cc и 1000cc од Суперсток шампионатот. Засега не е јасно дали Суперсток тимовите ќе патуваат во Турција за трката во Истанбул или не.

Суперсток тимовите се загрижени поради ова бидејќи спонзорските договори кои ги склучија во текот на зимата беа за шампионат од 10 трки. Губењето на трката во Истанбул ќе го намали бројот на трки, а со тоа и гледаноста, предизвикувајќи некои од спонзорите да се обидат повторно да преговараат околу договорите, со што ќе се создадат проблеми за Суперсток тимовите.

 

comments

Би можело да ве интересира

Доколку погледнете наназад ќе забележите дека пневматиците во изминативе 100 години не се многу променети. Секако, имаше напредок во однос на нивната конструкција и материјалите кои се употребуваат за производство но целокупниот пакет остана воглавно непроменет.

Red Bull Honda потврди дека трката која ќе се оддржи овој викенд во Донингтон парк ќе му ја посвети на Ники Хејдн.

Викендов на патеката Аданката во Романија се возеа шестата и седмата трка од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Поглед кон исклучителната кариера на поранешниот MotoGP шампион

Се чини дека Zero и Electrica добиваат сериозен конкурент откако Lightning Motocycles објавија дека ќе се вклучат во производството на електрични мотоцикли. Од компанијата објавија дека планираат да го тестираат прототипот кој ќе може со едно полнење да стигне од Лос Анџелес до Сан Франциско.

Dorna Sports оваа година тркањето го донесе во дневните соби откако го претстави возбудливиот MotoGP eSport шампионат. Можете да се вклучите и вие, а во случај да постигнете најдобар резултат, тогаш ќе добиете BMW M240i. За жал, нема да добиете мотоцикл.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!