Џонатан Реа вели дека е задоволен од трката во Мањикур и дека е среќен што ја зголемил предноста во однос на Том Сајкс.

Џонатан Реа вели дека задоволен си заминува од трката во Мањикур бидејќи ја зголемил предноста во однос на Том Сајкс за еден поен и таа сега изнесува 48 поени. До крајот на шампионатот остануваат уште две трки.

Бранителот на титулата имаше интересна борба за првото место со својот тимски колега.  Откако двајцата премноду широко влегоа во петиот свиок,Чез Дејвис успеа да ги претекне.

Реа се фокусираше да освои што е можно повеќе поени и се задоволи со второто место. Овој резултат, комбиниран со резултатот од првата трка, му ја зголеми предноста на Реа за еден поен.

rea titula

Реа е задоволен со предноста што ја има и сега има голема можност, на трката во Херез, да ја освои втората титула.

„Се обидов да испланирам кога да го претекнам Том бидејќи во моментов тој вози одлично. Но кога се обидов да го сторам тоа, му дозволив на Чез да не претекне обајцата. Потоа повторно се обидов да го претекнам Том, но за жал предноста на Чез веќе беше голема.“

„Можеби поминав премногу време позади Том, но во моментов тој вози одлично. Задоволен сум од резултатот што го постигнав денеска а исто така задоволен сум и од начинот на кој возев.“

„Мораме да подобриме одредени делови од мотоциклот, но со оглед на сите работи, задоволен сум од резултатот. Добро е што ја зголемив разликата и покра тоа што е само за еден поен. Еден поен може да направи разлика во борбата за титулата и затоа секој поен е важен. “ 

Back To Top