20
Сре, Сеп
WSBK

WSBK Франција: Двојна победа за Дејвис

Чез Дејвис ја оствари својата трета, двојна победа оваа сезона и успеа да ја искористи борбата меѓу возачите на Kawasaki.

Следете нè на:

 

Чез Дејвис ја оствари својата трета, двојна победа оваа сезона и успеа да ја искористи борбата меѓу возачите на Kawasaki. Џонатан Реа успеа да се одбрани од нападите на Том Сајкс и се доближи до освојување на титулата за сезоната 2016.

Возачот на Aruba.it Racing Ducati успеа да ја оствари својата седма победа оваа сезона и покрај одличниот старт што го имаше возачот на Kawasaki, Том Сајкс.

chaz davies

Возачот од Јоркшир успеа да постигне и нов рекорд на патеката во Франција (1м 37.864с), но сепак не можеше да се одвои од тимскиот колега Реа и од Дејвис во почетните кругови.

На петиот свиок, Реа се обиде да го претекне од внатре, но бидејќи премногу доцна ги притисна сопирачките, тој го истурка Сајкс надвор од линијата. Ова му остави можност на Дејвис да ги претекне обајцата и да избие на првото место.

Велшкиот возач успеа да ги одбие нападите на Реа и на крајот заврши со предност од две секунди.

Со освоеното второ место, Реа ја зголеми предноста во шампионатот на 48 поени. Том Сајкс заврши како трето пласиран.

Леон Камиер уште еднаш имаше добра трка на својот MV Agusta и го освои четвртото место, а возачот на Honda, Михаел ван дер Марк, заврши како петти.

Лоренцо Савадори продолжува да импресионира на IodaRacing Aprilia. На крајот на трката тој го освои шестото место . На седмото место се најде Жорди Торес кој во интересна битка успеа да го победи Силвиан Џинтоли.

Ники Хејдн, кој мораше да се повлече во првата трка, на крајот на викендот се најде на деветото место а возачот на Barni Ducati, Чави Форес, беше десетти.

Возачот на Milwaukee BMW, Џош Брукс, беше единаесетти а Маркус Рајтенбергер, Роман Рамос, Алекс де Анџелис и Метју Лагриве ги освоија останатите места кои носат поени.  

comments

Би можело да ве интересира

Роси се обидува да се врати на Арагон, доколку успее ќе загуби бодови од само една трка и ќе остане во борбата за шампионатот.

Андреа Довициозо и Марк Маркез го делат мислењето за една работа по завршувањето на неделната трка –не е точно дека одредени патеки повеќе им одговараат на некои машини.

Компанијата Pirelli обезбеди нов заден пневматик, W0735, за да го користат возачите од Светскиот ШСупербајк шампионат на патеката во Портимао. Тоа е нов, мек пневматик кој содржи различни структурни решенија во споредба со стандардниот, мек, SC0 како и SC1.

Словенечкиот производител на издуви Акрапович објави едно видео на кое може да се види како звучат сите супербајк мотоциклите кои користат нивни издуви. Засилете го звукот и уживајте.

За 2018 година верзијата на Kawasaki Z900 која има 93 коњски сили (70kW) ќе им биде достапна на сите оние кои имаат А2 лиценца.

Дали некогаш сте се нашле позади некој постар возач кој веројатно повеќе не би требало да биде дел од сообраќајот? Што велите за моторџија кој има 101 година?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!