Том Сајкс забележа двојна победа на пред последната рунда во Супербајк шампионатот на трката која се возеше во Франција на патеката Мањи-Кур.

0822 r13 sykes finish

Том Сајкс забележа двојна победа на пред последната рунда во Супербајк шампионатот на трката која се возеше во Франција на патеката Мањи-Кур.

За тимот на Кавасаки ова е трета двојна победа оваа сезона, и на најдобар начин ја одлискува состојбата на силите помеѓу производителите. Секако тука е и Том Сајкс кој вози фантастично, а како резултат на тоа викендов забележа резултати кои до сега само 22 пати се остварени во Супербајк шампионатот. Тој имаше пол позиција, победи на двете трки, и на двете трки забележа најбрз круг.

За доминацијата на Сајкс говори и резултатот во втората трка кога финишираше пред возачите на Априлија за цели 11 секунди, иако на крајот трката беше прекината во моментот кога двајцата возачи на Априлија паднаа заради дождот.

Во генералниот пласман Сајкс сега има 411 бодови, на втората позиција се наоѓа Јуџин Лаверти со 374, а на третата Силвијан Гинтоли со 373. Марко Меландри сега веќе не е во борба за титулата бидејќи заостана на четвртата позиција со 339 бодови.

За оние кои ги пропуштија трките, во продолжение и целосна снимка.

Трка 1

Трка 2

До крајот на шампионатот останува само уште една рунда односно две трки кои се возат на 20 октомври во Шпанија на патеката Херез.

Back To Top