Актуелниот шампион во Супербајк шампионатот, Том Сајкс, повторно го искачи Кавасаки на челната позиција по двојната победа на патеката Арагон во Шпанија.

PA1494766

Актуелниот шампион во Супербајк шампионатот, Том Сајкс, повторно го искачи Кавасаки на челната позиција по двојната победа на патеката Арагон во Шпанија.

Првата трка за Сајкс беше победа од почетокот до крајот, со стартот на трката дојде до првата позиција која не ја испушти, а притоа наметна темпо кое останатите возачи не беа во можност да го следат. Куриозитет е освојувањето на двојната 1-2 победата со својот клубски колега Лорис Баз, нешто што не му успеало на Кавасаки од далечната 1993 година.

Втората трка исто така започна во знакот на Сајкс, но се покажа дека Британецот направил грешен избор со тврдата компонента на гумата, бидејќи иако имаше предност од 0,7 пред Баз, за кусо време беше поминат од клубскиот колега. Парот продолжи да вози во тој распоред уште 11 круга, имајќи го Марко Меландри зад петици. Сајкс успеа да го помине Баз, но Меландри беше човекот кој се закануваше дека ќе му ја одземе победата на Сајкс. На крајот последниот свиок го одлучи победникот, Меландри влезе од внатрешна страна и иако го помина Сајкс излезе широко од свиокот и на крајот мораше да се задоволи со третата позиција.

Најважните моменти од првата трка

Најважните моменти од втората трка

Следната трка се вози на 27-ми април на патеката Асен во Холандија.

Back To Top