WSBK

WSBK: Двојна победа на Реа во Херез

На една рунда до крајот, Реа е веќе шампион со досега освоени 506 поени додека пак за второто место се борат Дејвис и Сајкс кои имаат по 363 поени. Во моментов Дејвис се наоѓа пред Сајкс на табелата бидејќи има постигнато повеќе победи во текот на сезоната.

Следете нè на:

 

После сударот меѓу Чез Дејвис и Јуџин Лаверти во првиот круг од трката во Херез беше кренато црвеното знаме и трката стартуваше одново но овој пат со 19 круга. Конечниот резултат беше сигурна победа за Џонатан Реа кој со тоа стигна до четиринаесетата победа во сезоната и вкупно педесет и втора во кариерата. Со оваа победа Реа сега го дели второто место со Трој Бејлис на листата на возачи со најмногу победи во WSBK шампионатот.

rea sampion pobeda

Во текот на третиот круг од трката, Реа исто така го постигна и најбрзото време на патеката кое сега изнесува 1’40.640.

Втор на трката која се возеше во саботата заврши Марко Меландри (Aruba.it Racing - Ducati), а трет беше Чез Дејвис (Aruba.it Racing - Ducati). Дејвис сега го презеде второто место во генералниот пласман во пресрет на последната трка од шампионатот која се вози во Лосаил.

На вториот старт на трката, возачите на Pata Yamaha, Михаел ван дер Марк и Алекс Ловс се најдоа на првите две позиции но веќе во вториот круг Реа успеа да ги претекне. На крајот Ловс заврши на четвртото место, Том Сајкс беше петти, а Михаел ван дер Марк заврши како шести. Чави Форес (Barni Racing Ducati) беше седми и на крајот успеа да заврши пред Силвиан Гинтоли (Kawasaki Puccetti Racing) и Леандро Меркадо (IodaRacing Team Aprilia). Жорди Торес (Althea BMW Racing Team) беше десетти.

На една рунда до крајот, Реа е веќе шампион со досега освоени 506 поени додека пак за второто место се борат Дејвис и Сајкс кои имаат по 363 поени. Во моментов Дејвис се наоѓа пред Сајкс на табелата бидејќи има постигнато повеќе победи во текот на сезоната.

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Јамаха Теч 3 тимот, Јонас Фолгер, преку својот менаџер денеска го извести тимот дека нема да настапува на овогодинешниот МотоГП шампионат.

Правилникот според кој техничкиот директор на MotoGP, Дени Олдриџ, одлучува во однос на легалноста на аеродинамичните крилца нема да се промени во 2018 година.

Ducati ги следи Франко Морбидели и Франческо Бањаиа, двајца од најпросперитетните Италијански возачи во моментов, како и Светскиот шампион во Moto3 Јоан Мир.

Видеото започнува со претставување на производите на Kawasaki, односно едно лице како вози спортски модел во тунел. Но кога возачот излегува од тунелот, тој го вози концептот Ј.

Се огласи и производителот на сопирачките Брембо заради кој Априлија и Дукати најавија повлекување и бесплатна замена на главниот кочионен цилиндер кај поновите модели.

Дукати е првиот фабрички производител во МотоГП кој го претстави моторот со кој ќе се натпреваруваат Хорхе Лоренцо и Андреа Довициозо оваа сезона.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!