WSBK

WSBK: Дво-дневните тестови го одбележаа враќањето во Брно

Уште од 2012 година, патеката во Брно не го слушнала звукот на машините од Светскиот Супербајк шампионат. Но сето тоа се смени во средата откако шест тимови кои се дел од серијата одлучија да имаат дводневни тестови на патеката.

Следете нè на:

 

Aruba Ducati одлучи да ја изнајми легендарната патека за средата и четвртокот и ја подели со Kawasaki, Yamaha, Barni, Orelac и Triple-M. Последен пат една трка од шампионатот на оваа патека се оддржа во 2012 година но нова трка тука ќе се оддржи во јуни.

Оние кои беа присутни на патеката се обидоа максимано да ги искористат временските услови во средата бидејќи имаше најава за дожд. А тоа значеше интензивен распоред исполнет со многу кругови. Патеката беше отворена од 9 до 13 часот, а потоа и од 14 до 18 часот. Температурата се движеше од 20 до 25 степени.

BrnoCircuit

Бидејќи е кусо времето помеѓу трките во Арагон и Асен, тестот во Брно е одлична можност за тимовите да се фокусираат на подобрувањето на мотоциклите: сите тимови, освен Ducati, во било кој дел од сезоната имаат можност да направат промена поради малкуте места на подиумот кои ги имаат освоено. Но од трката во Имола па се до трката во Донингтон тимовите нема да можат да прават никакви промени.

Бидејќи ова не е тест кој е организиран од страна на Dorna, не беа соопштени официјалните времиња кои беа постигнати.

Во тимот на Ducati, Чез Дејзис обрна внимание на проблемот со вибрациите на задниот дел од мотоциклот додека пак неговиот тимски колега Марко Меландри беше решен да ја подобри стабилноста на мотоциклот, нешто што му создаваше проблеми во досегашниот дел од сезоната.

Кај Yahama, Алекс Ловс и Михаел ван дер Марк извозеа 88 односно 95 кругови и во тој период се обидоа да ги оценат некои од основните делови како и некои од новите компоненти на суспензијата. Ловс изјави дека посебно внимание обрнал на шасијата додека пак ван дер Марк изјави дека очекувал патеката да биде порамна.

Механичарите на Леандро Мерцадо работеа до доцна во ноќта поради падот на Аргентинецот на втората трка во Асен. Тестовите во Брно ги искористија за да испробаат различна електроника и шасија и велат дека се задоволни од напредокот.

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.