WSBK

WSBK: Баз потврди дека се враќа во Superbike, преговара со Honda

Лорис Баз потврди дека ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2018 откако по три години поминати во премиерната класа во МотоГП го загуби своето место.

Следете нè на:

 

Лорис Баз потврди дека ќе се врати во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2018 откако по три години поминати во премиерната класа во МотоГП го загуби своето место. Avintia Ducati денеска потврди дека Ксавиер Симеон ќе го заземе неговото место и ќе му се приклучи на Тито Рабат во тимот следната сезона.

LorisBazWSB

Откако потврди дека ќе премине со Супербајк серијата, Французинот изјави дека се уште не знае за кого ќе настапува но изјави дека еден од тимовите со кој разговарал е и Red Bull Honda.

„Сакам да бидам во Супербајк серијата. Веќе сум бил тука и отсекогаш сум велел дека тоа е навистина добар шампионат. Би бил особено среќен и ако успеам да се борам за место на подиумот како што беше пред неколку години. Имам само 24 години, а веќе имам три годишно искуство во оваа серија како и уште три години во MotoGP.“

„Најдобрите мотоцикли се веќе зафатени. Во моментов ги разгледуваме најдобрите проекти и преговараме со тимови како што е Red Bull Honda. Би било добро да соработувам со нив и заедно да победуваме. Во минатото тие беа победнички тим но во моментов се соочуваат со проблеми. Ги познавам сите патеки, шампионатот и пневматиците и затоа мислам дека би се снашол веднаш. Но разговараме и со други тимови за да ја пронајдеме најдобрата опција.“

„Повеќето тимови се уште не се сигурни што ќе прават, а некои уште не знаат ниту дали ќе имаат еден или два мотоцикли.“

Баз победи на две трки додека беше дел од шампионатот со тимот на Kawasaki Racing. Во 2014 година шампионатот го заврши на петото место и покрај тоа што беше еден од најмладите возачи.

Би можело да ве интересира

Во Хонда салонот на Макпетрол во Скопје пристигнаа два нови модела: Honda VFR1200X и CBR1000RR

На почетокот од сезоната Македонија беше домаќин на третата меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуваат активни полициски службеници и полициски ветерани од шест земји од регионот.

9-та рунда од МотоГП шампионатот викендов не води на патеката Захсенринг во Германија.

Дани Педроса официјално го објави своето повлекување од МотоГП трките, ова ќе биде последна сезона за шпанецот.

Логично е Дукати да „извади“ и соголена верзија од популарниот нов модел, но ќе мора да почекаме до саемите за мотоцикли оваа година за да видиме дали тоа ќе се претвори во реалност.

Ќе има нов Kawasaki Ninja ZX-6R како модел за сезоната 2019, тоа барем можеме да го потврдиме.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!