29
Чет, Јун
WSBK

WSBK Арагон: Дејвис имаше одличен викенд во Шпанија

Чез Дејвис имаше одличен настап на трката во Арагон и ја оствари својата трета WSBK двојна победа и успеа да ја намали разликата со Џонатан Реа

Следете нè на:

 

Чез Дејвис имаше одличен настап на трката во Шпанија и успеа да ја намали разликата што ја имаше со лидерот на шампионатот Џонатан Реа. Тој смета дека подобрувањата на неговиот мотоцикл му помогнале да ги претекне ривалите.

Велшкиот возач имаше перфетен викенд и успеа да оствари победа на двете трки на патеката во Арагон.

PA1881724.0008Одлична победа за Дејвис во Арагон

„Викендот беше неверојатен. Мотоциклот беше конкурентен уште од самиот почеток, а направивме само мали промени. Техничките подобрувања што ги направивме ни го дадоа токму она што ни треба. На трката во Тајланд беше многу поинаку,“ изјави Дејвис.

И покрај одличниот настап, Дејвис се подготвува да почне од почеток за две недели на трката во Асен.

„Во Асен ќе почнеме од нула. Сезоната само што почна и работите не може да се движат премногу брзо, но задоволен сум со се она што го постигнавме до сега. Веќе трета сезона сум во Ducati и постојано напредуваме. Сега листата на работи кои треба да ги подобриме е мала и сакам да му се заблагодарам на целиот тим за работата која ја направија“ изјави Дејвис.

Сега Велшкиот возач ќе замине во Германија и повторно ќе се обиде да ја намали предноста во генералниот пласман. После три трка, разликата меѓу Реа и Дејвис изнесува 26 поени.

Резултати од втората трка во Супербајк класата:

1. Chaz Davies GBR Aruba.it Racing Ducati 1199R 18 круга
2. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10R +6.471s
3. Jonathan Rea GBR Kawasaki Racing ZX-10R +9.161s
4. Xavi Fores ESP Barni Ducati 1199R +11.436s
5. Jordi Torres ESP Althea BMW S1000RR +15.969s
6. Davide Giugliano ITA Aruba.it Racing Ducati 1199R +18.278s
7. Michael van der Mark NED Honda Racing CBR1000RR +20.931s
8. Alex de Angelis RSM IodaRacing Aprilia RSV4 +24.790s
9. Alex Lowes GBR PATA Crescent Yamaha R1 +25.246s
10. Sylvain Guintoli FRA PATA Crescent Yamaha R1 +25.548s
11. Lorenzo Savadori ITA IodaRacing Aprilia RSV4 +27.675s
12. Roman Ramos ESP GO Eleven Kawasaki ZX-10R +29.364s
13. Josh Brookes AUS Milwaukee BMW S1000RR +31.749s
14. Karel Abraham CZE Milwaukee BMW S1000RR +34.314s
15. Markus Reiterberger GER Althea BMW S1000RR +34.333s

16. Leon Camier GBR MV Agusta RC F4 RR +34.777s
17. Matteo Baiocco ITA VFT Ducati 1199R +41.449s
18. Matthieu Lussiana FRA Team ASPI BMW S1000RR +76.542s
19. Dominic Schmitter SUI Grillini Kawasaki ZX-10R +82.960s
20. Peter Sebesteyen HUN Team Toth Yamaha R1 +85.830s
21. Saeed al Sulaiti QAT Pedercini Kawasaki ZX-10R +88.363s
22. Imre Toth HUN Team Toth Yamaha R1 +1 круг

Без пласман

Nicky Hayden USA Honda Racing CBR1000RR 15 завршени кругови
Josh Hook AUS Grillini Kawasaki ZX-10R 12 завршени кругови
Sylvain Barrier FRA Pedercini Kawasaki ZX-10R 1 завршен круг

comments

Би можело да ве интересира

Ducati најави нов модел во својата Multistrada линија додавајќи го 1200 Enduro Pro.

Најголемата BMW средба која ќе биде седумнаесетта по ред ќе се оддржи во подножјето на планината Хаусберг во Гармиш-Партенкирхен на почетокот од месец јули.

Роси сега заостанува само седум поени зад новиот лидер, Андреа Довициозо, и три поени зад Вињалес. Следната трка ќе се оддржи во Германија на патеката Захсенринг по што ќе следува летната пауза.

Како што се навестуваше веќе подолго време, Франко Морбидели премина во MotoGP откако потпиша двогодишен договор со екипата на Marc VDS Racing.

Викендов на програмата е 8-та трка од МотоГП шампионатот која ќе се вози на патеката Асен во Холандија.

„Викендот во Каталуња, вклучувајќи го и тестот беше навистина големо искуство за мене. Сакам да го искористам знаењето кое го стекнав за да остварам што е можно подобар резултат“ – Јохан Зарко.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!