Ирска се гордее со успехот на својот мотоциклист, а „BCC“ направи осврт на фантастичниот успех на Џонатан Реа.

Џонатан Реа можеби не ја освои наградата „Спортист на годината“ во Англија која ја доделува BBC, но сепак заврши на второто место. На првото место се најде четири-кратниот Олимписки шампион Мо Фарах кој освои 83,524 гласови во споредба со Реа кој имаше 80,567. Сепак Реа се најде пред шампионот од Формула 1, Луис Хамилтон кој на крајот заврши на шестото место со освоени 60,627 гласа.

99247022 rea pa 633x356

Но ништо од тоа во моментов не е важно. Она што е важно е документарниот филм кој синоќа се прикажуваше на BBC. Во него можевме да видиме дел од сезоната 2017 и што се случуваше во гаражата на Реа во годината кога стана првиот возач кој успеа да освои три титули едноподруго во WSBK шампионатот. Сето тоа му успеа додека во исто време патуваше од една трка до друга заедно со неговата жена и две деца. Дел од патот го помина со комбе, а дел со авион но сепак е интересно да се види колку многу се променија работите од времето на Бери Шин.

Извор: motorcycle.com

Back To Top