18
Пет, Авг
WSBK

Том Сајкс двоен победник во Донингтон

Том Сајкс имаше одличен настап на трките во Донингтон парк и премина на втората позиција во генералниот пласман со заостанување од само 4 поени од лидерот Силвиан Гинтоли.

Следете нè на:

 

tom-sykes-kawasaki-racing-wbsk-donington-parkТом Сајкс на Донингтон Парк

Том Сајкс имаше одличен настап на трките во Донингтон парк и премина на втората позиција во генералниот пласман со заостанување од само 4 поени од лидерот Силвиан Гинтоли.

Возачот на Kawasaki стартуваше прв и на крајот заврши со предност од осум секунди пред второпласираниот возач Силвиан Гинтоли.

Возачот на Aprilia, Јуџин Лаверти заврши на третото место откако го помина Марко Меландри во претпоследниот круг. Меландри имаше проблеми во текот на целата трка со неговата предна гума. На крајот тој излета од патеката и му ја препушти четвртата позиција на Давидe Џулиано.

Меландри заврши на петата позиција, а шесто место беше Чез Дејвис кој имаше прилично анонимна трка откако му избегаа Џулиано и Меландри.

Лорис Баз заврши на седмото место со заостанување од 11 секунди зад Дејвис и повеќе од 27 секунди од неговиот тимски колега. Николо Канепа беше единствениот возач на Alstare Ducati кој ја заврши трката откако Чека се повлече, а Аиртон Бадовани излета во 18-от круг. Суперсток возачот заврши на осмото место пред Џулс Клузел. Мишел Фабрицио заврши на десетото место, а Џонатан Реа беше единаесети.

Резултати од првата трка:

1. Tom Sykes (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 34′10.881
2. Marco Melandri (BMW Motorrad GoldBet SBK) BMW S1000 RR 34′13.260
3. Sylvain Guintoli (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 34′14.689
4. Jonathan Rea (Pata Honda World Superbike) Honda CBR1000RR 34′17.641
5. Loris Baz (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 34′24.530
6. Davide Giugliano (Althea Racing) Aprilia RSV4 Factory 34′26.432
7. Eugene Laverty (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 34′28.334
8. Chaz Davies (BMW Motorrad GoldBet SBK) BMW S1000 RR 34′30.019
9. Jules Cluzel (Fixi Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 34′38.619
10. Michel Fabrizio (Red Devils Roma) Aprilia RSV4 Factory 34′41.698
11. Ayrton Badovini (Team Ducati Alstare) Ducati 1199 Panigale R 34′42.492
12. Carlos Checa (Team Ducati Alstare) Ducati 1199 Panigale R 34′42.697
13. Niccolò Canepa (Team Ducati Alstare) Ducati 1199 Panigale R 34′42.811
14. Max Neukirchner (MR-Racing) Ducati 1199 Panigale R 34′53.906
15. Vittorio Iannuzzo (Grillini Dentalmatic SBK) BMW S1000 RR 35′40.992
RT. Federico Sandi (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 27′50.190
RT. Alexander Lundh (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 22′01.444
RT. Leon Camier (Fixi Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 3′05.872

 

Резултати од втората трка:

1. Tom Sykes (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 34′06.921
2. Sylvain Guintoli (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 34′14.956
3. Eugene Laverty (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 34′17.659
4. Davide Giugliano (Althea Racing) Aprilia RSV4 Factory 34′19.178
5. Marco Melandri (BMW Motorrad GoldBet SBK) BMW S1000 RR 34′22.897
6. Chaz Davies (BMW Motorrad GoldBet SBK) BMW S1000 RR 34′23.396
7. Loris Baz (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 34′34.445
8. Niccolò Canepa (Team Ducati Alstare) Ducati 1199 Panigale R 34′37.107
9. Jules Cluzel (Fixi Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 34′37.422
10. Michel Fabrizio (Red Devils Roma) Aprilia RSV4 Factory 34′37.806
11. Jonathan Rea (Pata Honda World Superbike) Honda CBR1000RR 34′38.450
12. Max Neukirchner (MR-Racing) Ducati 1199 Panigale R 34′53.703
13. Leon Camier (Fixi Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 35′01.430
14. Federico Sandi (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 35′12.710
15. Alexander Lundh (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 35′27.352
16. Vittorio Iannuzzo (Grillini Dentalmatic SBK) BMW S1000 RR 35′27.640
RT. Ayrton Badovini (Team Ducati Alstare) Ducati 1199 Panigale R 27′21.324

 

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!