WSBK

Супербајк трка во Чешка - Што да очекуваме на патеката во Брно

Седмата трка од 2018 WSBK серијата ги натера тимовите да се преселат во Брно, Република Чешка.

Следете нè на:

 

Брзата патека е една од омилените на MotoGP возачите и фановите, а сигурно ќе има добар прием и кај натпреварувачите од Супербајк серијата со оглед на тоа дека се враќаат на оваа патека за прв пат по 2011 година. Таа сезона, Марко Меландри постигна двојна победа за Yamaha.

Yamaha се надева дека претходните настапи на оваа патека, каде што има три победи, е добар индикатор дека Јапонскиот производител може да очекува успешен викенд. Во Донингтон Парк, Михаел ван дер Марк ги постигна првите победи за Yamaha по нивното враќање во WSBK. Сигурно самодовербата на Холанѓанецот ќе биде висока и на оваа трка.

worldsbk brno

Откако ја постигна првата победа за некој холандски возач во оваа серија, неговите акциии пораснаа и се тоа се случува во вистински момент со оглед на тоа дека голем дел од договорите меѓу возачите и тимовите се потпишуваат во овој период.

После слабиот викенд во Донингтон Парк, кој беше нивни најлош по 2015 година, Ducati ќе биде мотивиран да ја врати формата и да докаже дека резултатот во Велика Британија беше само една моментална слабост, а не она што може да го очекуваме од нив до крајот на сезоната.

Развојот на новиот V4 на Ducati во следните неколку месеци се повеќе ќе биде во фокусот, а Чез Дејвис и Марко Меландри знаат дека од големо значење ќе биде да покажат дека се во добра форма. Чави Форес исто така се пожали на проблеми со мотоциклот на последната трка но сигурно сега се надева дека ќе може да се бори за место на подиумот.

После победата на трката во Донингтон Парк, Холанѓанецот ван дер Марк е полн со самодоверба, но само двајца се уште активни возачи имаат постигнато победа на патеката во Брно: Марко Меландри и Џонатан  Реа.

Двоецот има постигнато победи на оваа патека во неколку класи но овој пат Том Сајкс и Чез Дејвис се надеваат дека ќе се приклучат на таа листа.

А откако Торпак Разгатлиоглу го освои својот прв подиум на минатата трка, Турскиот возач ќе се обиде уште еднаш да импресионира со своето возење.

Со оглед на тоа дека веќе горе - долу се знаат возачите кои следната сезона ќе бидат дел од MotoGP, сега раздвижување можеме да очекуваме и во гаражите на WSBK тимовите. Такво нешто може да има после оваа трка или пак после трката која ќе се вози во Лагуна Сека за две недели.

Би можело да ве интересира

Знаеме дека за сезоната 2019 BMW Motorrad планира да објави девет модели. Иако сè уште не се знае точно кои ќе бидат тие, сепак за некои можеме да претпоставиме.

Новиот мотоцикл на Honda, CB1000R, кој има цена од 13990 евра за обичната и 14990 евра за „FOP“ верзијата изгледа помалку чудно. Јапонската компанија го нарекува „Neo Sports Café“.

We, The Riders - Ние возачите, сме возачи од целиот свет. Имаме различни професии и изгледаме различно. Но имаме едно нешто кое не обединува:  Радоста додека возиме.

Скот Рединг се извини за забелешките кои ги упати кон Aprilia по завршувањето на Австриската Гран При трка, а во кои зборуваше за недостатокот од развој и прогрес на RS-GP машината.

Можеби изгледа како застрашувачка визија за иднината, но роботот на Акрапович му овозможува на Словенечкиот специјалист за издуви да ги тестира своите производи на еден високо технолошки начин.

Нашиот возач Христијан Бузалковски беше повикан од страна на српски тим и понудата секако беше прифатена. Воедно,трката се вози 4 часа, а овој пат ќе имаме директен пренос на каналот Спорт Клуб 3! Во продолжение ја пренесуваме и изјавата на Бузо за мотори.ком.мк

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!