Двоецот на Kawasaki, Џонатан Реа и Том Сајкс се подготвуваат за последниот Европски претсезонски тест на патеката во Арагон.

Парот неодамна го заврши дводневното тестирање на патеката во Херез. Сајкс се најде на врвот на табелата двата дена. Реа ги заврши тестовите на седмата позиција, но тој се уште стекнува самодоверба на новиот ZX-10R.

Двоецот на Kawasaki, Џонатан Реа и Том Сајкс се подготвуваат за последниот Европски претсезонски тест на патеката во Арагон, пред да заминат на Филип Ајленд на првата трка од овогодинешниот Светски Супербајк шампионат.

tom sykes day

На тестот во Арагон, Реа ќе симулира трки, а Сајкс ќе се обиде да ги подобри сетинзите.

На патеката во Херез и обајцата направивме прилагодувања на сетинзите. Тоа беше навистина продуктивно. Научивме многу за новиот мотоцикл и сега со нетрпение го чекам MotorLand за да имаме повеќе време за вежбање и да ги потврдиме некои од сетинзите. Секогаш има простор за напредок.Том Сајкс

Реа, кој ги помина зимските тестирања со тоа што само возеше кратки кругови, е подготвен да собере податоци од патеката за неговите техничари, податоци кои ќе можат да се користат како референца за трката на Филип Ајленд.

До сега немавме никаква симулација на трка, па затоа би било добро да имаме такви податоци пред да заминеме во Австралија. Ќе продолжиме да работиме за да бидеме во добра кондиција за трките.Џонатан Реа

Последниот претсезонски тест ќе се оддржи на Филип Ајленд на 22 и 23 фебруари а првата трка од натпреварувањето ќе се оддржи од 26ти до 28ми фебруари.

Back To Top