Џонатан Реа и Том Сајкс го претставија мотоциклот кој ќе се обиде да ја одбрани титулата од минатата сезана

Откако успеа да ја одбрани титулата Светски шампион минатата сезона, Џонатан Реа оваа година ќе се обиде да ја освои третата титула во низа со фабричкиот тим на Kawasaki, со кој доминира во серијата откако му се приклучи на тимот во 2015 година. Во тимот повторно партнер ќе му биде Супербајк шампионот од 2013 година, Том Сајкс, кој пак заврши на второто место минатата сезона.

AU1535023

Со искуството кое го имаат со ZX-10R, двајцата возачи на Kawasaki и оваа сезона се главни фаворити за титулата. Во борбата за првото место се очекува да се вклучат и Ducati, Honda, Yamaha и Aprilia.

Реа верува дека ќе влезе во историјата на Супербајк шампионатот со освојување на третата титула светски првак.

„Убаво е  кога повторно ја облекувам опремата и кога ја гледам конечната верзија на мотоциклот.“

„Откако ја прославив титулата се фокусирав на тестовите. Имавме многу продуктивни подготовки и со нетрпение го очекувам почетокот на новата сезона.“

Сајкс кој е фокусиран на прилагодување на неговиот стил на возење за да може да го искористи целиот потенцијал на ZX-10R,  вели дека е подготвен да нападне уште од првата трка.

„Вложивме многу труд и работа за време на претсезоната и сега и официјално го претставуваме тимот,“ изјави Сајкс.

„Се надевам дека бидам добар на првата трка која ќе се оддржи на Филип Ајленд.“

Тимот на Kawasaki ќе се упати на Филип Ајленд каде ќе го оддржи финалниот претсезонски тест само неколку дена пред да почне и официјалната сезона.

Трката во Австралија ќе се оддржи од 24 до 26 февруари.

Back To Top