WSBK

Реа доминираше на патеката во Лагуна Сека, место на подиумот и за Лаверти

Џонатан Реа во ист стил ги извозе и двете трки на патеката во Лагуна Сека додека пак Јуџин Лаверти успеа на својот тим, Milwaukee Aprilia, за прв пат оваа сезона да му донесе место на подиумот.

Следете нè на:

 

Иако стартуваше од деветата позиција, Реа за кратко време успеа да им се приближи на лидерите на трката. Откако во четвртиот круг успеа да го претекне Михаел ван дер Марк во борбата за второто место, актуелниот шампион се впушти во потера по Лаверти и веќе во седмиот круг изби на лидерската позиција.

gg735182

Реа продолжи да вози во ист стил, за кусо време направи разлика во однос на останатите возачи и на крајот стигна до својата четврта победа на оваа патека, што преставува и нов рекорд.

Зад Реа се најде Дејвис кој исто така успеа да го претекне Лаверти. Возачот на Milwaukee Aprilia не ја загуби брзината и покрај тоа што го претекнаа Реа и Дејвис и за прв пат после четири години успеа да се искачи на подиумот. Ова исто така за неговиот тим беше и прво искчување на подиумот.

Лаверти успеа да се задржи на страна од борбата меѓу возачите на Pata Yamaha. На крајот Алекс Ловс успеа да заврши на четвртото место пред ван дер Марк кој беше петти. Возачот на Barni Ducati, Чави Форес беше шести и на крајот заврши пред Жорди Торес од MV Agusta.

Том Сајкс имаше уште една лоша трка откако се најде на осмата позиција. Џек Гање го постигна најдобриот резултат во неговата кариера со освојувањето на деветото место додека пак Лорис Баз ги заокружи првите десет позиции.

Леандро Меркадо освои нови бодови за Orelac Kawasaki откако на крајот успеа да ја заврши трката пред Роман Рамос додека пак Леон Камиер, кој излета надвор од патеката на почетокот на трката, на крајот заврши како тринаесетти.

Карел Ханика (Guandalini Yamaha) и Јони Хернандез (Pedercini Kawasaki) ги освоија последните места кои носат бодови. Џош Херин имаше лош крај на трката и се најде на место кое не носи бодови.

Генерален пласман:

1. Jonathan Rea GBR Kawasaki Racing ZX-10RR 320 бодови

2. Chaz Davies GBR Aruba.it Racing Ducati Panigale R 245 бодови

3. Michael van der Mark NED PATA Yamaha YZF-R1 215 бодови

4. Tom Sykes GBR Kawasaki Racing ZX-10RR 196 бодови

5. Alex Lowes GBR PATA Crescent Yamaha R1 183 бодови

6. Marco Melandri ITA Aruba.it Racing Ducati Panigale R 168 бодови

7. Xavi Fores ESP Barni Ducati Panigale R 154 бодови

8. Toprak Razgatlioglu TUR Puccetti Kawasaki ZX-10RR 91 бод

9. Eugene Laverty IRE Milwaukee Aprilia RSV4 89 бодови

10. Jordi Torres ESP MV Agusta 1000 F4 80 бодови

11. Loris Baz FRA Althea BMW S1000RR 79 бодови

12. Leon Camier GBR Red Bull Honda CBR1000RR SP2 75 бодови

13. Lorenzo Savadori ITA Milwaukee Aprilia RSV4 75 бодови

14. Michael Ruben Rinaldi ITA Aruba.it Racing Ducati Panigale R 54 бодови

15. Roman Ramos ESP Team GoEleven Kawasaki ZX-10RR 49 бодови

16. Leandro Mercado ARG Orelac Racing VerdNatura Kawasaki ZX-10RR 47 бодови

17. Jake Gagne USA Red Bull Honda CBR1000RR SP2 37 бодови

18. PJ Jacobsen USA TripleM Honda CBR1000RR SP2 21 бодови

19. Yonny Hernandez COL Team Pedercini Kawasaki ZX-10RR 24 бодови

20. Leon Haslam GBR Puccetti Kawasaki ZX-10RR 14 бодови

21. Davide Giugliano ITA Red Bull Honda CBR1000RR SP2 11 бодови

22. Karel Hanika CZE Guandalini Yamaha YZF-R1 5 бодови

23. Bradley Ray GBR Buildbase Suzuki GSX-R1000 3 бодови

24. Luke Mossey GBR Pedercini Kawasaki ZX-10RR 2 бодови

25. Ondrej Jezek CZE Guandalini Yamaha YZF-R1 2 бодови

Би можело да ве интересира

Неофицијална листа на возачи кои ќе бидат дел од електричниот FIM MotoE Светски Шампионат

Поранешниот MotoGP возач Сете Жиберно после десет години ќе се врати од пензија и со Pons Racing ќе биде дел од MotoE серијата

„Директорот на Yamaha во интервју за Crash.net изјави дека и покрај неодамнешните резултати, нема подобрувања во тимот. Најави и промени во екипата“

„Се чини дека 790 Adventure R ќе биде навистина моќно оф роуд оружје“

„Honda CB500F доби неколку промени кои го прават овој мотоцикл многу поатрактивен“

За време на оддржувањето на мото шоуто EICMA 2018 во Милано, MV Agusta претстави концепт на нов  Superveloce 800 модел. Италијанскиот производител вели дека оваа верзија ќе се најде во производство во втората половина на 2019 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.