25
Вто, Апр
WSBK

Потврдено: Марко Меландри ќе вози за Ducati во WSBK

Пред неколку дена објавивме дека Марко Меландри ќе премине во тимот на Ducati World Superbike и ќе го замени Италијанецот Давиде Џулијано. Веста и официјално доби потврда денеска, а Меландри ќе му се приклучи на Чез Дејвис.

Следете нè на:

 

Пред неколку дена објавивме дека Марко Меландри ќе премине во тимот на Ducati World Superbike и ќе го замени Италијанецот Давиде Џулијано. Веста и официјално доби потврда денеска, а Меландри ќе му се приклучи на Чез Дејвис.

Преминот претставува враќање на Меландри во мото трките откако си замина од тимот на Aprilia минатата година.Репутацијата на Меландри, а можеби и неговата голема желба да се врати на трките имаа своја цена. Меландри сам ќе вложи пари во тимот, а веројатно висината на средствата што ќе ги заработува ќе зависат од неговите перформанси.

Marco Melandri Ducati Corse WSBK 2017

„Навистина сум возбуден што се враќам на трките. Отсекогаш велев дека сум заинтересиран само за одличен мотоцикл и одличен тим. Не можев да побарам ништо повеќе. Внимателно ја следам WSBK серијата и убеден сум дека Panigale R одлично ќе одговара на мојот стил на возење,“ изјави Меландри во интервју за WorldSBK.com

„Ќе мораме да одиме чекор по чекор, но потенцијалот е навистина голем. Знам дека нема да биде лесно но имам доволно време да се подготвам, да извозам кругови со мотоциклот и да бидам сигурен дека сум подготвен за првиот тест. Поради тоа ќе ги пропуштам и летниот одмор.“

После неколку неуспеси, Ducati има високи очекувања како од MotoGP така и од WSBK фабричките тимови.

Финансиската ситуација во однос на враќањето на Меландри во WSBK може да се препише и на трошоците кои Ducati Corse мораше да ги направи со цел да ги обезбеди услугите на Хорхе Лоренцо и Чез Дејвис во своите тимови во MotoGP и WSBK сериите.

Во Светскиот Супербајк шампионат, Panigale R се очекува да биде главната тркачка платформа на Ducati барем уште една сезона а Дејвис е најсоодветниот возач за да го исполни високиот стандард поставен од Ducati.

Во Меландри, тие се надеваат дека ќе пронајдат дел од генијалноста што ја има Џулијано, но која за жал тој не успеа да ја покаже. Меландри е возач кој не само што може да се бори за место на подиумот туку и да победува на трките. Доколку се биде во најдобар ред, Меландри дури би можел да се бори и за титулата.

Дуото Дејвис/Меландри би требало силно да им се спротистави на возачите на Kawasaki, Џонатан Реа и Том Сајкс. 

Во 100 трки во WSBK серијата, Меландри има остварено 19 победи и 49 места на подиумот.

Очекувајте сезоната 2017 да биде само почеток на успесите на Меландри во Светскиот Супербајк шампионат.

comments

Би можело да ве интересира

Втората трка која викендов се возеше на патеката во Романија му донесе уште еден подиум на Слободан Ивчески.

Возачот на Repsol Honda вели дека неговата петта победа по ред на патеката во Остин го врати во борбата за титулата

„Очигледно е дека не беше негова вина што излезе од патеката. Но исто така тој не смее да се стекне со предност“ – Мајк Веб, директор на трката.

Одлични резултати од 3. трка во БМУ Европскиот брзински мото шампионат

Како и што предвидовме, BMW HP4 Race, мотоциклот кој е изработен од многу карбонски делови, дебитираше на шоуто во Шангај. Ова е продукциската верзија на прототипот која BMW Motorrad ни ја најави на минатогодишното EICMA шоу во Милано.

Макпетрол во својот продажен салон го изложи новиот модел на Honda CBR500R.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!