23
Сре, Авг
WSBK

Pirelli со промоција во Тајланд на втората рунда од Супербајк шампионатот

Во Бурирам, брендот ќе се потпре исклучиво на стандардни пневматици, а во понеделник, ќе се оддржи и првиот Pirelli SBK Track ден.

Следете нè на:

 

Овој викенд, патеката во Бурирам втора година по ред ќе биде домаќин на FIM MOTUL Светскиот Супербајк шампионат. За овој настап, Pirelli ќе ги снабди возачите исклучиво со стандардни пневматици, односно гуми кои можат да се најдат на пазарот. Во понеделник, веднаш по трката ќе се оддржи Pirelli SBK Track ден, првиот од неколкуте вакви дена посветен на возачите кои го сакаат италијанскиот бренд.

Интернационалната патека „Чанг“ е најновата патека која е додадена на календарот. Таа беше отворена во Октомври 2014 година, а првата трка од MOTUL FIM Светскиот Супербајк шампионат се оддржа во Март минатата година. До овој момент, таа е еднствената патека во Тајланд која е одобрена од FIM.

Дизајнирана од славниот архитект Херман Тилке, таа се наоѓа во градот Бурирам, речиси 400 километри североисточно од Банкок. Долга е 4,554 километри и има 12 свиоци од кои 7 се на лево и  5 на десно. Оваа патека не ги оштетува премногу пневматиците но голем проблем може да преставуваат високата температура и влагата.

r01 phillip island vd mark dsc 9469 1400x931Ван дер Марк по успешниот настап на Филип Ајленд

Во Тајланд, исто како и на првата трка во Австралија, ќе се натпреваруваат само Супербајк и Суперспорт класите.

И двете категории имаат на располагање неколку видови на пневматици, суви, средни и влажни. Pirelli во Бурирам ќе донесе вкупно 2695 пневматици.

Во однос на премиерната класа, возачите ќе може да сметаа на пет гуми, две предни и три задни. Во однос  на предните гуми тие ќе може да одберат меѓу SC1 S1699, кои се доста ценети од возачите и стандардните SC2.  Оваа опција е особено погодна за возачите кои сакаат компактна шара и поголема цврстина и стабилност при влегување во свиок.

Во однос на задната гума, тука е стардната SC0 која е помека и која е идеална за мазен асфалт и висока температура. Таа нуди најдобар контакт меѓу гумата и асфалтот, а исто така и потешко се оштетува. Таа е најупотребувана гума во Светскиот Супербајк шампионат.

Како алтернативи се SC1 S1867, која не е премногу тврда и која е поиздржлива во однос на стандардната SC1.

 

comments

Би можело да ве интересира

Се одлучивте за прв пат да ја посетите тркачката патека на еден од отворените денови, во продолжение ќе прочитате сè што треба да знаете за новото искуство.

Уште еден потпис на МотоГП возач за следната сезона, Карел Абрахам го продолжи договорот со тимот на Aspar.

Тимот на LCR Honda денеска соопшти дека од следната сезона ќе има двајца возачи, освен Кал Крачлоу за тимот ќе настапува и Такаки Накагами. 

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!