Pirelli и во иднина ќе продолжи да ги снабдува со пневматици тимовите од Светскиот Супербајк шампионат откако Италијанскиот производител го продолжи договорот со Dorna и за сезоните 2019 и 2020. 

Pirelli и во иднина ќе продолжи да ги снабдува со пневматици тимовите од Светскиот Супербајк шампионат откако Италијанскиот производител го продолжи договорот со Dorna и за сезоните 2019 и 2020. Компанијата за прв пат стана единствен снабдувач во 2004 година и предизвика еден вид на револуција во мото трките.

Pirelli Logo

Моделот кој за прв пат беше применет во WSBK наскоро стана дел и од многу други шампионати а во 2009 година се најде и во MotoGP.

„Историски гледано, во нашата ДНК е спортот. Оваа година славиме 110 години како сме дел од мотоспорт активностите а овој договор е силен знак за нашата континуирана бизнис стратегија која ни овозможи да станеме еден вид на репер во трките,“ изјави Џорџо Барбиер, директор на одделот за тркачки активности на Pirelli.

„Најпрво во делот за тркачки и Суперспорт пневматици а потоа и во делот за развој и продажба.  Врската меѓу Pirelli и MOTUL FIM Супербајк шампионатот отсекогаш била силна. Во текот на годините допринесовме за развој на шампионатот, а во исто време, благодарение на нашето учество успеавме и да развиеме и серија на успешни производи кои сега се достапни за сите мотоциклисти.“

„Сега мислиме на иднината. Ќе работиме заедно со Dorna на продолжување на растот на шампионатот а особено на новата World Supersport 300 серија, бидејќи денешните млади возачи ќе бидат иднината на Светскиот Супербајк шампионат.“

Back To Top