Патрик „Пи-Џеј“ Јакобсен ќе се искачи едно ниво погоре во кариерата откако денеска беше објавено дека Американецот следната сезона ќе настапува за TripleM Honda во Светскиот Супербајк шампионат.

Патрик „Пи-Џеј“ Јакобсен ќе се искачи едно ниво погоре во кариерата откако денеска беше објавено дека Американецот следната сезона ќе настапува за TripleM Honda во Светскиот Супербајк шампионат.

Јакобсен, кој ќе ја напушти Суперспорт серијата, ќе биде дел од сателитскиот тим на Honda и ќе настапува со CBR1000RR SP2.

pj jacobsen

„Навистина сум возбуден што ќе го имам своето деби во серијата со TripleM Honda WSBK тимот,“ изјави ПЈ. „Ова е огромна можност за мене и сакам да им се заблагодарам на тимот и на Honda што ми го овозможија ова.“

„Ќе бидеме дебитанти во серијата и секако дека има многу работи што ќе треба да ги научиме, но ова за мене е еден голем предизвик и со нетрпение чекам да почнам. Уживав кога го возев Fireblade во EWC серијата пред две години и сакам кога возам мотоцикли од 1000cc. Затоа со нетрпение очекувам да ја пробам новата Honda CBR1000RR Fireblade SP2.“

Back To Top