26
Нед, Фев
WSBK

Нова класа во Супербајк шампионатот: „Supersport 300“

FIM и Dorna се договорија да има нова, влезна, класа во Светскиот Супербајк шампионат. Серијата Supersport 300 е креирана поради се поголемиот пазар на лесни, спортски машини како што се Yamaha YZF-R3 и KTM RC390.

Следете нè на:

 

FIM и Dorna се договорија да има нова, влезна, класа во Светскиот Супербајк шампионат. Серијата Supersport 300 е креирана поради се поголемиот пазар на лесни, спортски машини како што се Yamaha YZF-R3 и KTM RC390.

Концептот за оваа класа дојде по консултации со производителите. Производителите на мотоцикли забележале дека продажбата на мотоцикли од категоријата 600cc опаѓа а продажбата на полесните мотоцикли е во пораст.

Се повеќе и повеќе производители влегуваат во класата, иако секој од нив има малку поразлични машини и различни капацитети на моторот.

Поради оваа причина, серијата се соочи со својот прв голем предизвик: балансирање на различни мото концепти еден против друг, но и да се обезбеди дека трките се уште остануваат достапни за сите.

2014 KTM RC390 white 02

За сезоната 2017 одобрени се четири машини: Yamaha YZF-R3, KTM RC390, Honda CBR500R (која претходно се натпреваруваше во европскиот јуниорски куп) и Kawasaki Ninja 300, еден од првите мотоцикли кој ќе биде претставен во овој сегмент.

Во однос на перформансите на концептите, на почетокот тие ќе имаат минимална тежина и забрзување, а прилагодувањата ќе се прават во договор со комисијата која е одговорна за трките. Промени би можеле да се направат доколку некој концепт доминира или пак премногу заостанува во споредба со останатите мотоцикли.

Моторите и рамките не смеат да бидат променети, а единственото нешто што може да се промени е отстранување на секундарниот вентил за гас.

Ограничено е собирањето на податоци а исто така и промените на суспензијата. Издувниот вентил може да биде променет но придушувачите на звук мора да го имаат истиот број и да се наоѓаат на истото место како и кај уличните мотоцикли.

„Оваа нова платформа ќе биде одлична можност за развивање на идните таленти“, изјави Вито Иполито, претседател на FIM.

„Нашата цел е да создадеме репер кој ќе биде следен од сите национални шампионати во иднина. Сакаме да обезбедиме средина која е регулирана и во која приближно сите ќе бидат исти. Средина во која идните таленти ќе можат да се развиваат.“

„Целта ни е да имаме прифатлива серија за овие млади натпреварувачи,“додаде Хавиер Алонсо, извршниот директор на WSBK.

„Има голем интерес за овие мотоцикли и новата класа ќе се стреми да го обезбеди тоа. Преку неа, производителите ќе можат да ги придружуваат возачите од нивните најрани години и во текот на нивните кариери.“

Комплетната листа на техничките регулации за WorldSSP 300 може да се најде тука.

comments

Би можело да ве интересира

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Освојувачот на 13 титули во ТТ, Мајкл Данлоп, на трките во 2017 година ќе настапи на Suzuki. Тој ќе остане во Hawk Racing тимот и ќе вози под знамето на Bennetts Suzuki.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!