19
Саб, Авг
WSBK

Марко Меландри ја донесе првата победа за BMW на Донингтон Парк

melandri haslam 03На BMW тимот му беа потребни три години, неколку промени на екипата и поранешен МотоГП возач (Марко Меландри) за да дојдат до својата прва победа во Светскиот Супербајк шампионат.

Следете нè на:

 

melandri haslam 03

На BMW тимот му беа потребни три години, неколку промени на екипата и поранешен МотоГП возач (Марко Меландри) за да дојдат до својата прва победа во Светскиот Супербајк шампионат.

Како што беше очекувано, на Донингтон Парк се водеше вистинска битка во првата трка откако на стартот во првиот ред ги имавме Том Сајкс, Марко Меландри, Леон Хаслам и Макс Бијаџи. На споменатите единствено Џонатан Реа успеа во последните кругови да им ги помати сметките, се останато беше борба за првата позиција.

Кавасаки преку одличниот Сајкс имаше пол позиција, сепак во првиот свиок Хаслам со поминување од надворешната страна успеа да дојде до водство кое траеше кратко. Направи грешка која беше доволна за губење на првата позиција, зад него дуото на BMW грабеше напред, а Џонатан Реа се приклучи на предната група откако успеа да се избори за позиција од Карлос Чека.

Двојната битка, Хаслам против Сајкс и Меландри против Бијаџи значеше неколку промени на позициите, се додека, речиси симултано Хаслам и Бијаџи излегоа надвор од патеката што му даде предност од 1.8 секунди на целната линија на Меландри. Неговиот клубски колега Хаслам се избори за втората позиција откако успеа пред крајот да го помине Том Сајкс кој имаше водство речиси во целата трка.

Во последниот круг Реа успеа да дојде до четвртата позиција поминувајќи го Бијаџи, кој на крајот мораше да се задоволи со петтата позиција. Актуелниот Светски Шампион, Карлос Чека возеше помалку досадна трка, финиширајќи на шестата позиција, а борејќи се најпрво со Џонатан Реа, а на крајот и со Силвијан Гинтоли кој заврши на 8-та позиција.

WSBK Donington Трка 1:

1. Marco Melandri (BMW Motorrad Motorsport) BMW S1000 RR 34′26.736
2. Leon Haslam (BMW Motorrad Motorsport) BMW S1000 RR 34′27.464
3. Tom Sykes (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 34′28.345
4. Jonathan Rea (Honda World Superbike Team) Honda CBR1000RR 34′28.555
5. Max Biaggi (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 34′28.838
6. Carlos Checa (Althea Racing) Ducati 1098R 34′31.556
7. Davide Giugliano (Althea Racing) Ducati 1098R 34′34.256
8. Sylvain Guintoli (Team Effenbert Liberty Racing) Ducati 1098R 34′34.663
9. Leon Camier (FIXI Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 34′41.880
10. Michel Fabrizio (BMW Motorrad Italia GoldBet) BMW S1000 RR 34′42.801
11. Ayrton Badovini (BMW Motorrad Italia GoldBet) BMW S1000 RR 34′46.541
12. Chaz Davies (ParkinGO MTC Racing) Aprilia RSV4 Factory 34′46.906
13. Maxime Berger (Team Effenbert Liberty Racing) Ducati 1098R 34′48.010
14. Jakub Smrz (Liberty Racing Team Effenbert) Ducati 1098R 34′48.253
15. Eugene Laverty (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 34′53.656
16. Loris Baz (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 35′01.761
17. Hiroshi Aoyama (Honda World Superbike Team) Honda CBR1000RR 35′05.929
18. Lorenzo Zanetti (PATA Racing Team) Ducati 1098R 35′09.070
19. Niccolò Canepa (Red Devils Roma) Ducati 1098R 35′10.290
NC. Mark Aitchison (Grillini Progea Superbike Team) BMW S1000 RR 35′50.353
NC. Peter Hickman (FIXI Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 35′17.985
RT. Gary Mason (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 22′08.892
RT. Leandro Mercado (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 

comments

Би можело да ве интересира

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Тимот на „Aruba.it Racing - Ducati“ и Марко Меландри со заедничко соопштение денеска објавија дека ја продолжуваат соработката и во 2018 година во Motul Superbike шампионатот.

Марк Маркез призна дека воопшто не размислувал за борбата за титулата откако во последниот круг се обиде да го претекне Андреа Довициозо. Вели, ако не се обидев, немаше да можам да заспијам.

Возачот на Ducati, Андреа Довициозо, ја оствари својата трета победа оваа сезона откако на трката која се возеше во Австрија успеа да го победи Марк Маркез.

Aprilia нема да ги задржи услугите на Сем Ловс во сезоната 2018 и наместо него тимот се одлучи да го ангажира Скот Рединг.

Како и што се очекуваше, стигна официјална потврда дека Џек Милер ќе ја напушти Honda и од 2018 година ќе настапува за Pramac Ducati.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!