Неколку твитови помеѓу Макс Бијаџи и Флавио Бријаторе за време на трката од Светскиот Шампионат во Арагон, потикнаа шпекулации дека пензионираниот двократен Супербајк шампион размислува да се врати на трките.

Max-Biaggi

Неколку твитови помеѓу Макс Бијаџи и Флавио Бријаторе за време на трката од Светскиот Шампионат во Арагон, потикнаа шпекулации дека пензионираниот двократен Супербајк шампион размислува да се врати на трките.

41-годишниот Римски император го најави своето повлекување минатиот ноември, изјавувајќи дека тоа е вистинското време за крај. Во моментов тој е технички коментатор на Sportmediaset за трките од Светскиот Супербајк Шампионат. Очигледно дека Италијанецот сеуште чувствува потреба за натпреварување, а присуството на трки на кој не се натпреварува е голем проблем за него.

Според Moto.it, Бијаџи сеуште е во одлична физичка состојба и продолжува да тренира. Според некои информации, имало контакт помеѓу Италијанецот и Кавасаки, а исто така тој бил забележан како зборува со Џиџи Дал’игна од Априлиа (ова би можело лесно да се објасни бидејќи  тој можеби само си ја вршел својата работа како коментатор и се обидувал да добие интересни информации за гледачите).

Враќањето на Бијаџи сигурно би предизвикал поголемо интересирање за Светскиот Супербајк Шампионат во Италија. На последниот пренос, трката број 1 ја следеле околу 1 милион гледачи, а трката број 2 ја следеле 616,000 гледачи. Повеќето аналитичари сметаа дека тоа се должи на фактот што тоа бил првиот топол и сончев ден после неколку месеци и дека луѓето со нетрпение чекале да излезат надвор и да возат. Други пак сметаат дека нема вистинска личност која би ги привлекла да останат пред екраните.

Back To Top