WSBK

Лорис Баз дојде до првата Супербајк победа во Силверстоун

motori Baz_Brno_02На Силверстоун следевме една од оние трки на кои адреналинот расте додека седите удобно во домашните фотељи, а трепнувате само кога морате.

Следете нè на:

 

Baz Brno_02

На Силверстоун следевме една од оние трки на кои адреналинот расте додека седите удобно во домашните фотељи, а трепнувате само кога морате. Возбудливата трка започна со инцдент во првиот круг, поточно по само неколку свиоци жолтото знаме беше истакнато откако Дејвид Џонсон падна, а Брињола удри во неговиот мотор. Истовремено на патеката започна да паѓа дожд па до крајот на првиот круг надвор од патеката беа Бергер, Шмрц и Џулијано. Ова беше доволно за црвено знаме и повторен старт на трката која сега беше одбележана како мокра. 

Изборот на гуми се покажа како круцијален во трката, а Јакуб Шмрц, Ѓинтоли и Џон Хопкинс беа оние кои погрешија во својата одлука. Тројцата возачи се одлучија за гуми за дожд, а сите останати настапија со сликови па така после 10 круга од трката тројцата веќе беа поминати за цел круг. Она што остана нејасно е зошто не влегоа во боксот иако можеа без проблем да направат промена на гумите.

Целата трка беше исполнета со возбудливи маневри, претекнувања од кои застанува здивот и акција на која никој не останува рамнодушен. Дождот кој на моменти се појачуваше секако дека ја успори трката но тоа не беше причина да следиме досадно возење, напротив, можевме да видиме прецизно и агресивно возење од повеќето возачи, а Баз се покажа како нај успешен во комбинацијата од техники. Неговиот клубски колега Том Сајкс беше на добар пат да ја намали разликата од водечкиот Бијаџи откако тој заврши крај патеката, но последните кругови за Британецот беа навистина лоши па на крајот финишираше на 8-та позиција.

Крајот на трката беше и црешата на шлагот, во последниот свиок пред развиореното знаме за финиш Баз успеа да излезе на првата позиција, и додека рацете му беа широко кренати во воздух за прослава на првата Супербајк победа, зад него по асвалтот се влечеа Бадовини и Џонатан Реа. За среќа двајцата завршија без повреда, а хајсајдот на Бадовини сепак го искачи на подиумот бидејќи целната линија ја помина на третата позиција.

Вакви трки можат да се видат и во МотоГП, еднаш во сезоната. И да не должиме, погледнете ги нај интересните моменти од првата трка

Резултати од првата трка на Силверстоун:

1. Loris Baz (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 40′46.128
2. Michel Fabrizio (BMW Motorrad Italia GoldBet) BMW S1000 RR 40′46.511
3. Ayrton Badovini (BMW Motorrad Italia GoldBet) BMW S1000 RR 40′46.587
4. Jonathan Rea (Honda World Superbike Team) Honda CBR1000RR 40′46.667
5. Carlos Checa (Althea Racing) Ducati 1098R 40′47.140
6. Leon Haslam (BMW Motorrad Motorsport) BMW S1000 RR 40′48.747
7. Marco Melandri (BMW Motorrad Motorsport) BMW S1000 RR 40′52.251
8. Tom Sykes (Kawasaki Racing Team) Kawasaki ZX-10R 40′55.298
9. Davide Giugliano (Althea Racing) Ducati 1098R 41′05.150
10. Eugene Laverty (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 41′05.215
11. Maxime Berger (Team Effenbert Liberty Racing) Ducati 1098R 41′15.968
12. Lorenzo Zanetti (PATA Racing Team) Ducati 1098R 41′16.286
13. Hiroshi Aoyama (Honda World Superbike Team) Honda CBR1000RR 41′30.350
14. Chaz Davies (ParkinGO MTC Racing) Aprilia RSV4 Factory 42′06.515
15. David Salom (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R 42′28.826
16. Sylvain Guintoli (PATA Racing Team) Ducati 1098R 41′27.489
17. Jakub Smrz (Liberty Racing Team Effenbert) Ducati 1098R 41′53.544
RT. Max Biaggi (Aprilia Racing Team) Aprilia RSV4 Factory 38′23.341
RT. Leon Camier (FIXI Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 30′28.566
RT. Niccolò Canepa (Red Devils Roma) Ducati 1098R 31′11.647
RT. John Hopkins (FIXI Crescent Suzuki) Suzuki GSX-R1000 21′57.027
NS. Norino Brignola (Grillini Progea Superbike Team) BMW S1000 RR 
NS. David Johnson (Team Pedercini) Kawasaki ZX-10R

comments

Би можело да ве интересира

Клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп викендов по 5-ти пат ќе ја организира меѓународната трка насловена како „Storm Riders 2017“ на мото крос арената во Лагово.

Вицешампионот за сезоната 2017 во MotoGP шампионатот, Андреа Довициозо, вели дека мора да ги согледа позитивните работи како од трката која се возеше во неделата така и од неверојатно успешната сезона за него и за Ducati.

Иако е навистина невообичаен мотоцикл, сепак Moto Guzzi Stelvio има свои следбеници. Кога исчезна од линијата на Moto Guzzi, тој им недостасуваше на многумина.

Ако мислевте дека Honda CB1000R 2018 е добар мотоцикл, тогаш имаме интересна вест за вас. Honda Motor Europe на EICMA мото шоуто во Милано дебитираше со два мотоцикли: Honda CB125R и Honda CB300R.

Без никакво сомневање, Ducati Panigale V4 супербајк е најинтересниот мотоцикл објавен оваа година. Ова не е само наше мислење бидејќи тој беше официјално прогласен за крал на EICMA шоуто.

Honda ја прошири својата Africa Twin линија со уште еден модел. 2018 CRF1000L2 Adventure Sports беше претставен за време на EICMA мото шоуто, а заедно со него беше претставена и една посилна верзија на моделот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!