„Би било добро доколку Кејси Стонер вози во Светскиот Супербајк Шампионат. Но Кејси не е ефтин. Исто така би било добро доколку тој ни помогне во развојот на моторот“.

shuhei-nakamoto

Извршниот потпретседател на HRC, Шухеи Накамото минатиот викенд на Philip Island учествуваше на состанокот помеѓу MSMA и Дорна на кој е разговараше за тоа како да се намалат трошоците во Светската Супербајк серија во блиска иднина.

Официјално, Honda нема фабрички тим во Светскиот Супербајк Шампионат, но сепак тие соработуваат со тимот  Тен Кате кој ја врши целокупната работа околу развојот на CBR1000RR што го возат Џонатан Реа и Леон Хаслам. Но, според grextra.com, шефот на HRC изјавил дека би сакал пензионираниот Кејси Стонер да вози во WSBK за да помогне во развојот на моторот.

„Би било добро доколку Кејси Стонер вози во Светскиот Супербајк Шампионат“,изјави Накамото. „Но Кејси не е ефтин. Исто така би било добро доколку тој ни помогне во развојот на моторот“.

Првите гласини за возачи со вајлд карта се појавија во MotoGP но тие беа негирани од Ливио Супо, а сега се појавија и во WSBK откако шефот на HRC повторно ги започна гласините.  Следното нешто што ќе го слушнете  сигурно ќе биде дека Стонер, кој започна нова кариера на четири тркала, ке биде возач во Астралискиот Супербајк Шампионат со цел да ја подобри серијата.  

Back To Top