Гласините се покажаа како точни, а тоа значи дека Штефан Брадл ќе премине во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2017 и ќе стане тимски колега на Ники Хејдн во тимот на Honda.

Гласините се покажаа како точни, а тоа значи дека Штефан Брадл ќе премине во Светскиот Супербајк шампионат во сезоната 2017 и ќе стане тимски колега на Ники Хејдн во тимот на Honda.

Веста беше актуелна веќе подолго време, а опциите на Брадл во MotoGP секоја година стануваа се послаби.  На ова може да се додаде и слабата понуда што Honda му ја понуди на Михаел ван дер Марк.

Stefan Bradl Trackside Tuesday Jules Cisek 1270

Ваквата вест е одлична и за Dorna бидејќи преминот на Брадл во WSBK сигурно ќе ги израдува и германските фанови.

„Навистина сум среќен што ќе се приклучам на Honda WorldSBK во следната сезона. Ова е одлична можност за мене и со нетрпение го очекувам предизвикот. Сигурен сум дека заедно ќе постигнеме прекрасни работи,“ изјави Брадл.

„Секако, ова ќе биде сосема различно искуство за мене и ќе се обидам да се адаптирам најбрзо што можам за да можеме да постигнеме добри  резултати. Ќе биде фантастично да соработувам со Ники. Мислам дека тоа ќе биде фантастична комбинација бидејќи совршено се разбираме. “

Приклучувањето на Штефан Брадл на трките ќе донесе и разновидност во однос на нациите кои се застапени, а покрај тоа уште еден голем талент ќе се приклучи во Супербајк класата.

Брадл имаше голема поврзаност со Honda во минатото и веќе настапуваше за нив во MotoGP класата.

Моментот кога Брадл се приклучи на тимот е исто така поволен откако Honda конечно реши да го подобри моделот за сезоната 2017. Со нетрпение очекуваме да видиме каков ќе биде новиот мотоцикл. Шпекулациите се движат од тоа дека новиот модел ќе биде комплетно нов или пак само дека ќе биде подобрена верзија  на актуелниот. Времето ќе покаже која информација ќе биде точна.

Back To Top