Ники Хејдн призна дека е загрижен поради новото одлагање на Fireblade и смета дека тој премногу доцна ќе им биде достапен.

Ники Хејдн призна дека е загрижен поради новото одлагање на Fireblade и смета дека тој премногу доцна ќе им биде достапен.

MotoGP Светскиот шампион од сезоната 2006 се надеваше дека ќе успее да извози неколку кругови со новиот мотоцикл пред Божиќ, но поради новото одложување, тој ќе може да ја проба новата SP2 машина дури кон средината на јануари, само еден месец пред стартот на сезоната.

HaydenDelay

„Ако ви кажев дека немаше да ми треба новиот мотоцикл на овие тестови, ќе ве излажев. Но, реалноста е дека тој не е подготвен,“ изјави Хејдн.

„Секако дека тоа не загрижува бидејќи сезоната почнува во февруари. Се надевав дека ќе биде готов до Божиќ за да можеме да го пробаме и да видиме дали има некакви проблеми. Но за жал тоа не беше возможно.“

Меѓутоа, иако признава дека е загрижен поради доцнењето, Хајдн воопшто не се сомнева во можностите на новиот мотоцикл.

„Тимот Ten Kate направи добра работа. Времињата кои ги постигнавме со моделот за 2016 година во споредба со моделот за 2015 година, ни покажува колку само компетитивен беше стариот модел. Кога преминав во тимот многумина ми велеа дека грешам, дека мотоциклот не е доволно компетитивен, но мислам дека тимот направи одлична работа. Мотоциклот пристигна покасно и механичарите немаа доволно време за да го подготват. Тие целата работа ја вршат сами и мислам дека нема да имаат многу слободно време за Божиќ.“

Back To Top