26
Нед, Фев
WSBK

Дорна се подготвува да го ограничи WSBK

Фанови на Светскиот Супербајк Шампионат внимавајте, Дорна најави нови правила за намалување на трошоците кои ќе почнат да се применуваат од 2014 година.

Следете нè на:

 

dorna-wsbkСе обидува ли Дорна намерно да ја намали популарноста на WSBK?

Фанови на Светскиот Супербајк Шампионат внимавајте, Дорна најави нови правила за намалување на трошоците кои ќе почнат да се применуваат од 2014 година.

Дорна ги купи правата за шампионатот кон крајот на 2012 година и оттогаш тие се во жестока дискусија со FIM и MSMA.

Дорна тврди дека новите правила се дизајнирани за да ги намалат трошоците на тимовите.  Во новите правила ќе биде вклучена максималната цена за сите мотоцикли кои се натпреваруваат во шампионатот, ограничување на бројот на мотори кои можат да се искористат во една сезона и ограничување на бројот на  делови кои ќе можат да се сменат. Се шпекулира дека минатата сезона Макс Бијаџи имал нов мотор на секоја трка. MotoGP тимовите се ограничени на 5 мотори за цела сезоната.

Во изминативе неколку години, статусот на MotoGP-кој исто така е во сопственост на Дорна- беше загрозен од светскиот Супербајк шампионат. Бројот на мотоцикли во MotoGP се намалуваше, а во Светскиот Супербајк шампионат растеше. Времињата кои ги постигнуваат во WSBK се исто така подобри од времињата кои ги постигнуваат некои од MotoGP тимовите. Тоа беше доволна причина за Дорна да ги купи правата за WSBK серијата.

Дорна изјави дека новите правила ќе бидат применети во три фази и во текот на три сезони. Дел од WSBK тимовите се загрижени бидејќи имаат вложено многу пари и време за да го достигнат ова ниво.

Дорна исто така сака да воведе и нова EVO класа која ќе биде дел од WSBK. EVO класата во основа ќе биде фабрички мотор (сериски произведен), но ќе има и делови кои ги имаат WSBK мотоциклите. Дорна сеуште нема одлучено дали EVO класата ќе користи фабричка електроника и дали ќе се користи контрола на тракцијата.

Доколку ова се оствари, најголем трошок за тимовите ќе биде транспортот на екипата и мотоциклите низ светот. Во интервју за Crash.net, Џереми Меквилијамс кој води еден Суперспорт тим изјави: „Доколку комплетно се ослободите од електрониката ќе заштедите само 15.000 евра. Сепак транспортот и понатаму ќе биде многу скап.”

Едно нешто е сигурно: Дорна сака да го ограничи потенцијалот на Светскиот Супербајк шампионат.  Овие нови правила можеби ќе заштедат пари но исто така ќе бидат и осигурување дека WSBK тимовите нема да го загрозат времето кое го постигнуваат MotoGP тимовите.

 

comments

Би можело да ве интересира

Возачот на Кавасаки тимот и актуелен шампион во Мотул Супербајк шампионатот на најдобар можен начин ја започна новата сезона откако забележа двојна победа во првата рунда.

Џонатан Реа на најдобар можен начин ја започна одбраната на титулата откако забележа победа на првата трка во сезоната на патеката Филип Ајленд.

Новинарите од „MCN“ пред неколку години предвидуваа дека Honda ќе направи V4 Супербајк кој ќе има големи сличности со MotoGP мотоциклот. Мислам дека оригиналната гласина започна со „V5 power plant“ ако тоа ви дава некаква претстава за тоа колку долго се врти приказнава.

Подгответе се за ова неверојатно видео кое сигурно ќе ве направи многу популарен меѓу колегите на работа. Подгответе се да изгубите неколку минути од вашиот живот кои никогаш повеќе нема да ги вратите назад.

Новата мото сезона во САД започна во Флорида откако Harley Davidson ги повика возачите да присуствуваат на седумдесет и шестото издание на „Daytona Bike Week“ кое ќе се оддржи во Флорида.

Шефот на Movistar Yamaha, Масимо Мерегали смета дека тркачката симулација која ја имаше Вињалес ја потврдува неговата брзина; Валентино Роси е фокусиран на тестирање на голем број на сетапи

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!