WSBK

Џонатан Реа: Возев со срце

„Откако ја освои втората Светска Супербајк титула на првата трка во Катар, Џонатан Реа изјави дека возел со срце на трката но го користел и мозокот за да помогне на Том Сајкс“

Следете нè на:

 

Откако ја освои втората титула во Светскиот Супербајк шампионат на првата трка во Катар, Џонатан Реа изјави дека возел со срце на трката но го користел и мозокот за да помогне на Том Сајкс  да го освои второто место во шампионатот и да му донесе 1-2 победа на тимот на Kawasaki.

Во интересна втора трка, која имаше и мал прекин, Реа беше блиску да го претекне лидерот на трката Чез Дејвис, но во последниот круг одлучи да го намали темпото и да му дозволи на тимскиот колега Сајкс да го помине за да може да го освои второто место во шампионатот.

rea sampion

Реа, кој постигна најбрз круг на патеката во Лосаил, лесно можеше да го претекне Дејвис но одлучи да му се оддолжи на тимот и му помогна на Сајкс да дојде до второто  место. Со тоа, тимот на Kawasaki ја оствари својата прва 1-2 победа, а исто така стигна и до титулата во делот за производители.

„Возев со срце,“ изјави Реа. „Во трка која има десет круга, воопшто не е лесно кога старувате од деветото место. Ме претекнаа на првите два свиока и премногу долго се задржав зад Леон Хаслам и Том. Чез имаше предност, но успеав да го стигнам.“

„Кога видов дека не можам да победам, одлучив да му помогнам на тимот. Имавме навистина брза трка. Поставивме рекорд на патеката, имавме пол позиција и ја освоивме титулата овој викенд. Трката во Катар беше одлична за мене.“

И покрај тоа што му го препушти второто место на Сајскс, Реа убедливо стигна до титулата и на крајот заврши со предност од 51 поен во однос на најблискиот ривал. Тој стана првиот возач на кој му успеа да ја одбрани титулата по Карл Фогерти во 1999 година.

comments

Би можело да ве интересира

Какво гориво треба да има? Тоа воопшто не е важно. Керозин, бензин, дизел, гориво за авион, на моторот воопшто тоа не му е важно.

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Брачен пар од Македонија во март, тргнува на пат да го заобиколи светот со мотоцикл за да ја прегрне планетата. Да, симболично да ја прегрне планетата заобикуловајќи ја со споделување искрени прегратки.

Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

MV Agusta само што го претстави 2018 F4 RC, модел од рангот на Светскиот Супербајк шампионат кој може да се вози на тркачка патека и на улица.

Откако повторно излета на мократа патека во Јапонија, Роси призна дека мотоциклот има сериозен проблем кога настапува на влажни услови и дека мора да почнат да се подготвуваат за следната година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!